ПРОЕКТ БОРБА ПРОТИВ ДИСКРИМИНАЦИЈАТА

Проектот “Борба против дискриминацијата”има за цел градење на силна и професионална. Комисија за борба против дискриминција со цел да овозможи независна работа на институцијата и да се заштитат правата и слободите на граѓаните и даваат активен придонес за градење еднакви можности и пристап до ресурси за сите.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е самостоен и независен орган кој работи во согласност со надлежностите утврдени со Законот за спречување и заштита од дискриминација. 

ВИЗИЈА: Комисијата за заштита од дискриминација е двигател на позитивни промени за суштествена еднаквост, промоција на човекови права и елиминирање на сите видови дискриминација која ужива голема доверба кај граѓаните.

МИСИЈА: Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е независно, професионално, ефективно и ефикасно, проактивно, транспарентно и достапно тело кое одговара на потребите на граѓаните за заштита и промоција на нивните права.

Подетално за проектот на следниот линк.

Posted in Uncategorized | Leave a comment

Од отпад, до уметничко дело – започнува TrashForArt 2024

Собирај амбалажен отпад, електронски отпад и батерии, направи уметничко дело и стани дел од иницијативата за почиста и поздрава средина на Пакомак.
Сите изработени дела треба да се достават или испратат по карго служба во Кинотека на Северна Македонија на 26.02.2024 и 27.02.2024 година.

🗓️ Конкурсот трае до 26.02.2024.
Правилата за конкурсот прочитајте ги тука 👉https://bit.ly/42n6UUF

Posted in Uncategorized | Leave a comment

Canva – онлајн алатка за графички дизајн

Што е Canva?

 
Canva е онлајн алатка за графички дизајн бесплатна за користење и содржи алатки за поедноставување на процесот на дигитален дизајн. Може да се користи за на брз и едноставен начин да се создадат објави на социјалните мрежи, презентации, постери, видеа и др. Дознај повеќе на следниот линк https://www.canva.com/mk_mk/.

Canva – Tutorial for Beginners in 13 MINUTES! [ 2023 FULL GUIDE ]

Canva е алатка за графички дизајн што работи на поедноставување на процесот на дигитален дизајн. Canva овозможува уредување на слики и учење базирано на проекти користејќи едноставен интерфејс со влечење и спуштање кој добро функционира дури и за најмладата популација. Од групно работење до индивидуално креирање проекти, на платформата Canva има многу потенцијални употреби за секоја возрасна група.

На Canva може лесно да се креира сметка и да работите или преку веб-прелистувач или на апликациите за iOS или Android. Регистрирањето на Canva може да го направите користејќи е-пошта, сметка на Google или со најавување на Facebook. Откако ќе се создаде сметка, бесплатно, можете да изберете дали ја користите како учител, ученик или за приватни цели. Ова ќе го прилагоди искуството на вашите потреби и ќе го олесни пребарувањето.

Kои се придобивките од учење на графички дизајн за деца

Графичкиот дизајн освен тоа што им нуди на децата комуницирање порака преку креативност, исто така ги учи како ефективно да ги оживеат идеите на другите луѓе. Стануваат подобри слушатели и разиваат интерперсонални способности.

Децата заедно со комуникациските вештини, учат и вештини за управување со времето додека се занимаваат со графички дизајн. Во идинина, за време на нивниот професионален живот најверојатно ќе имаат многу рокови, временски распон во кој ќе треба да завршат проекти. Можеби ќе имаат и повеќе дизајни да завршат во исто време. Ова ќе им помогне на децата да научат како да дадат приоритет на она што е најважно.

Една од поважните работи е тоа дека ќе научат како да обрнуваат внимание на деталите што се восхитувачки не само за графичкиот дизајн, туку и за сите други работи што ги прават. Забележувањето на ситните детали што другите можеби не ги забележуваат е многу важно за сите креативци. Со учење на графички дизајн, децата развиваат одлични организациски вештини и сето ова докажува дека стануваат многу внимателни личности.

Canva и графички дизајн за деца

Canva може да помогне во успехот на учениците и да го зголеми интересот за учење. Учениците можат да создадат визуелна задача која ќе помогне да ги споделат своите мисли и идеи со другите ученици.

Со Canva децата можат да креираат графики за нивните училишни проекти. Тие можат да додаваат слики и текст за да креираат постери, презентации и многу повеќе. Ова е одличен начин децата да станат креативни и да се забавуваат со нивните проекти.

Canva нуди многу виртуелни шаблони за учениците да можат да работат со дизајн и да додаваат свои промени. Со повеќе од 250.000 достапни шаблони, започнувањето и напредувањето низ темите во Canva е многу лесно, дури и за оние кои се нови на платформата. Достапни се и залихи фотографии, видеа и графики, со стотици илјади избори. На Canva, децата можат да прикачуваат и свои слики и видеа, што е особено погодно кога се користи верзијата на апликацијата на паметен телефон. Откако ќе завршат со дизајнот, имаат можност да ја преземат датотеката, да ја споделат преку многу оптимизирани опции за социјалните медиуми или да ја испечатат. (преземено од www.edufront.mk).

Posted in GraphApps | Leave a comment

Дабар 2023

Дабар е интернационален предизвик (еден вид натпревар), наменет за ученици од основните и средните училишта, кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Истиот се организира во повеќе држави, и е еден од најпопуларните натпревари во светот. Како идеја/концепт, Дабар има добиено повеќе награди на европски и светски конференции. Последната од нив е добиена на Европскиот самит за компјутерски науки, каде Дабар ја доби наградата “Informatics Europe Best Practices in Education”.

Почнувајќи од понеделник 13.11.2023 до петок 17.11.2023 година се одржа интернационалниот натпревар Дабар http://talent.mk, наменет за ученици од основните и средните училишта, кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Натпреварот се организира во повеќе држави, и е еден од најпопуларните натпревари во светот. На овој натпревар, учествуваа точно 18370 ученици од Македонија, со што нашата држава е меѓу оние со процентуално поголем број учесници на овој популарен меѓународен натпревар. Натпреварот го поддржаа 179 училишта.

Со цел да ја промовираме оваа активност од нашето училиште учествуваа идните програмери, нашите ученици од петто одделение заедно со своите наставнички Билјана Иваноска, Валентина Трпческа, Нина Ристеска, Радмила Лотеска и наставник по информатика – ментор Марина Танасоска.

Во продолжение, дадени се неколку документи со сите задачи и решенија од настаните Дабар во 2017, 2018 и 2019 година

  1. Дабар 2019
  2. Дабар 2018
  3. Дабар 2017
Posted in За нас | Leave a comment

Објава на победници од награден конкурс „МЛАДИ НАУЧНИЦИ ЈА СПАСУВАТ ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“

Здружението „Пријатели на образованието“ во рамки на проектот „School Plastic Free Movemen (Движење, училишта без пластика)“, поддржан од Erasmus+KA3 програмата  на Европска Унија, од 23.1.2023 година, до 31.5.2023 година, објави Национален конкурс за учениците од прво до деветто одделение заедно со одделенските и предметните наставници од основните училишта и посебните основни училишта на територија на Република Северна Македонија.

На конкурсот кој беше наменет за истражувачки тимови во состав од по пет ученици и еден наставник, во рамки на една паралелка, беа пријавени седум основни училишта, а нивните проектни активности беше оценувана од интернационална жири-комисија, составена од докажани образовни експерти во проектот „School Plastic Free Movemen“. Проектната активности произлезени од учениците,  ја прикажаа нивната креативност во развивање на свеста за негативното влијание од користење пластика во училиштето. 

Европската жири комисијата во рамките на европскиот проект School Plastic Free Movement составена од Eurpole (Italy), Friends of Education (N. Macedonia), Regional Directorate of Education Castilla y Leon – JCYL (Spain), Panevezys Provincial Educational Centre – PRSC (Lithuania), Make it Better – MiB (Portugal), Turkish Ministry of National Education (Turkey) и University of Burgos (Spain) ги награди училиштата кои одиграа важна улога во борбата против загадувањето со пластика со STEM сет, Scientific Discovery.

Прво наградено училиште е ООУ „Григор Прличев” Oхрид од каде 5 ученици заедно со својата наставничка патуваат во Верона, Италија, каде ќе имаат можност да ги споделат своите искуства со првонаградените врсници од останатите европски земји. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid035LJYeKVBEm1zx5KbVkcBKxq4pxgGxwJpoNcCPMHe4jFtqyC6HKKZpwdrn9wqp42Jl&id=100057619622418&mibextid=Nif5oz

Победничкиот тим од пет ученици и еден наставник ќе го презентира својот проект на Интернационална конференција во Верона, Италија, во април 2024 година. Финансиските средства за учество на Интернационалната конференција во Верона се обезбедени  од Здружението „Пријатели на образованието“ https://www.friends-of-education.org/mk/.

Posted in Uncategorized | Leave a comment

УЧЕНИЦИТЕ СО ПОРАКА- САКАМЕ ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА

На 21.03.2023, симболично означувајќи го првиот ден на пролетта и будењето на природата, учениците од ООУ ,,Григор Прличев” – Охрид во рамки на промотивнта кампања на проектот Ослободување на училиштата од пластика
Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 621506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-IN
изготвија едукативни налепници за селекција на одпад. Постерите се слободни за употреба во едукативни цели.Официјалната веб страна на проектот ,,Plastics Free Movement,, Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 621506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-INдостапна на следниот линк.

Posted in За нас | Leave a comment

Анкета – справувате со отпадот во училиштето

Почитувани ученици

Во рамки на проектот ,,Plastics Free Movement,, Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 621506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-IN, во нашето училиште ќе се спроведи анкета за ученици со цел да се поттикнат учениците да размислат за употребата на пластика во нивниот секојдневен живот, да разберат какво може да биде влијанието на пластичниот одпад  врз животната средина и да се насочат кон создавање одржливи алтернативи што трајно ќе се користат во училиште или домот. Анкетата е достапна на следниот линк.

Posted in Uncategorized | Leave a comment

Тест по информатика

Квизот ЗА ПРВА ГРУПА е достапен на следниот линк

Квизот ЗА ВТОРА ГРУПА е достапен на следниот линk

Posted in Uncategorized | Leave a comment

,,RObotics versus BullYing,, Erasmus+ Project

На 18 ти септември како дел од шестата интернационална Едуконференција  #EduConferece2022 во Струга, во рамки на проектот ,,RObotics versus BullYing,, Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 612872-EPP-1-2019-1-IT-EPPKA3-PI-FORWARD, нашето училиште, како едено од 12те амбасадор училишта во РС Македонија, учествуваше со работилницата за Интердисциплинарно учење, базирано на игра KINDLAND/KINDNET „Добредојдовте во РОБИ УНИВЕРЗУМОТ“.

Координаторот на проектот во ООУ ” Григор Прличев” – Охрид Марина Танасоска, со членовите на Клубот за кодирање: Катерина Јованоска, Виктор Милески, Никола Тодороски, Марија Танасоска и Теодора Танасоска, како дел од слободните ученички активности по предметот информатика ја презентираа едукативната игра “Kind Net”. На конференцијата беа презентирани едукативни содржини и практики за имплементација на STEM едукација – роботика, која им овозможува на учениците на возраст од 6 до 12 години да ги направат своите први чекори во науката, технологијата и инженерството на забавен начин и преку социјална инклузија, со што ќе се зголемат нивните дигитални вештини, но пред се вештините за решавање проблеми, критичко размислување, експериментирање и тимска работа кои се клучни во животот на детето.

На шестата интернационална Едуконференција  #EduConferece2022 во организација на здружението https://www.friends-of-education.org учествува претставници на институци и еминентни домашни и странски предавачи представници на партнер-организациите во проектот ,,RObotics versus BullYing,, Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 612872-EPP-1-2019-1-IT-EPPKA3-PI-FORWARD, од Италија, Турција, Литванија, Шпанија, Бугарија, Романија, Полска, Португалија и Македонија како и амбасадор училишта од Пешублика Северна Македонија.

Posted in За нас, Projects, Uncategorized | Leave a comment

Проект Girls Go Circular

 

Проектот Girls Go Circular има за цел да вклучи во обука, ученички на возраст од 14 до 18 години преку онлајн програми за учење за циркуларна економија, дигитални и претприемачки вештини. Проектот ќе се спроведува во повеќе основни и средни училишта, преку едукативна платформа во чии рамки учениците ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења за циркуларната економија, притоа стекнувајќи дигитални и претприемачки вештини. Платформата и курсевите се дизајнирани да ги ангажираат учениците во практични активности, индивидуално и во групи, и да ги охрабрат да работат на решенија за важни социјални и еколошки предизвици.  

Со учество во проектот, учениците ќе имаат шанса да:  

  • Работат индивидуално и во тим,  
  • ја научат важноста на родовата еднаквост за иднината на Европа,  
  • ги надминат родовите стереотипи поврзани со дисциплините СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика),  
  • развијат претприемнички и дигитални вештини преку онлајн модули,  
  • го зголемат учеството на девојчиња/жени во дигиталната и претприемничката сфера,  
  • ги прошират нивните интереси во различни области и   
  • се стекнат со меѓународно признаен сертификат.  

Активностите ќе се спроведуваат до крајот на 2022 година, со што имате можност да учествувате со ученици почнувајќи од месец април и од месец септември (со различна група на заинтересирани ученици).  

Платформата на која ќе се изведува обуката е направена од Европскиот институт за иновации и технологија и се состои од два онлајн модули кои се задолжителни и најмалку еден изборен. Задолжителни се модулите:  

1. Вовед во циркуларна економија и  

2. Безбедност на интернет и бонтон;  

Изборните модули ги опфаќаат следните теми:  

      1. Метали и циркуларна економија,  

      2. Мода и циркуларна економија,  

      3. Преиспитување на пластиката,  

      4. Циркуларна економија за смарт телефони и електронски уреди  

      5. Роботика и циркуларна економија,  

      6. Електронски отпад и циркуларна економија,  

      7. Циркуларна економија на храната во градовите и  

      8. Борба против климатските промени преку циркуларна потрошувачка.  

Линк за најава https://circularlearningspace.eu/?tenant=OOU_Grigor_Prlichev_Ohrid

Posted in Uncategorized | Leave a comment