основни поими

КОМПЈУТЕРСКА ГРАФИКА 

 Нови поими: компјутерска графика, графички програми, резолуција,
пиксел, формат на слика

      •  Сликите нацртани или обработени со компјутер се викаат компјутерска графика.
      • За креирање и работа со компјутерска графика се користат апликативни (кориснички) програми – графички едитори.
      • Програмите за компјутерска графика можат да бидат програми за цртање, за обработка на готови фотографии, за анимација, за 3Д-графика итн.
      • Најпознати програми за компјутерска графика се: Paint, Adobe Pho­toshop, CorelDRAW, Flash,  и други. Под оперативниот систем Edubuntu за цртање се користат програмите GIMP, Ink Scape, OpenOffice.org Draw  и др.
      • Компјутерските слики можат да се чуваат во различни формати. Фајловите креирани во овие програми обично се од типот jpg, bmp, gif, png, tiff и др.
      • Форматот на сликата зависи од програмата во која е изработена.
        Најпознати формати на слики се слединве:
      •         – bmp – користи неограничен број бои, но зафаќа многу простор на дискот;

        – gif – користи до 256 бои и зафаќа помалку простор на дискот;
        – jpg –користи неограничен број бои, зафаќа најмалку простор на дискот,                           но сликите се со намален квалитет.

      • Компјутерската графика може да биде:
        -2D – дводимензионална2d 3d grafika
        -3D –тродимензионална

bitmap vs vectorКомпјутерската графика може да биде:
      -бит мапирана графика
      -векторска графика

  • Векторските слики се креирани од голем број точки, линии и полигони.
  • Бит мапираните слики може да се замислат како мапа од точки (пиксели).
  • Бројот на точки на единица површина со кои е креирана сликата се вика графичка резолуција на сликата.
  • Квалитетот на компјутерската графика зависи од резолуцијата. Кога резолуцијата е повисока,
    квадратчињата се поситни и сликата е појасна и
    поквалитетна.
  • Предности
    –   Кај битмапираните слики бојата на секоја точка во сликата може да семенува и на тој начин многу прецизно можеда се создава, менува и поправа изгледот на битмапираната слика.
    –   Векторските слики можат лесно да се зголемуваат и смалуваат без да изгубат од својот квалитет. 
  • Недостатоци
    –   Кај битмапираните слики  е потешко е смалувањето и зголемувањето на сликата. На овој начин сликата ќе се замати т.е. се добива слика со послаб квалитет.
    Кај векторските слики промената на изгледот  се прави потешко затоа што е тешко да се менува изгледот на големиот број објекти

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s