Видео едитор Filmora

Filmora е видео едитор кој Ви овозможува едитирање видео датотеки на брз и едноставен начин. Filmora е софтвер кој исто така овозможува работа со анимирани наслови, музичка библиотека, голем број филтри и др.

Filmora Download for Free Try: http://goo.gl/x7gTce

Best Video Editing Software For Beginners | Wondershare Filmora Tutorial

Advertisements
Posted in Develop | Leave a comment

Вежба

https://1drv.ms/f/s!AmGiquYLBGWyiVbrsAewjij6WXuA

Posted in Uncategorized | Leave a comment

Windows Live Movie Maker

Креирање и обработка на видео во Windows Live Movie Maker

Преземено од: Видео туторијали за мултимедија и социјални медиуми 

Posted in Develop | Leave a comment

Државен натпревар по информатика за апликативни вештини

InformatikaDrzavenRegionalenNatprevarНа 18.05.2016 (среда) во Скопје во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ,  се одржа X-тиот државен натпревар по информатика за апликативни вештини.

 

На натпреварот учествуваа најдобрите ученици од Македонија кои постигнаа пласман на регионалниот натпревар поинформатика.На натпреварот учествуваше и нашиот ученик Христијан Дончевски VI-5 одделение ОУ „Григор Прличев“ Григор Прличев и освои II награда.
Повеќе за натпреварот на следниот линк.

На сите ученици кои учествуваа на државниот натпревар им честитаме за постигнатите успеси. Повеќе на следниот линк www.webohrid.com

Posted in Uncategorized | Leave a comment

Втората едуконференција за наставници и информатичари 2016

12400997_925518734230868_5329480130779866453_nВо периодот 1 – 3 април, во Хотел Дрим во Струга, се одржа  вторатаедуконференција на наставници и информатичари 2016, во организација на здружението Пријатели на образованието. Конференцијата имаше цел да им помогне на наставниците и студентите – идни наставници, во развивањето и подобрувањето на организациските, комуникативните, методолошките и дидактичките вештини.

12717896_925519787564096_5584127366685511292_nВо рамки на конференцијата беше отворен награден конкурс за постер презентации и идеи за мобилни апликации, на кој учествување и ученикот Кристијан Дончевски од нашето училиште.

 

12592526_925518760897532_3889596968535000279_n

 

Апликацијата Mr. Smiley Numbers беше прогласена за најдобра мобилна апликација на конференцијата.

 

 

Posted in Uncategorized | Leave a comment

ПРЕТСТАВЕНИ АКТИВНОСТИТЕ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ОБРАЗОВАНИЕТО „EDU DAY“.

IMG_8026-150x150На 22 Декември 2015 година во Хотел Континентал, Скопје, се одржа „Edu Day“ настан организиран од Мајкрософт Македонија. Присутните имаа можност да се запознаат со иновативните практики во образованието при користење на платформите и алатките на Мајкрософт претставени од Мајкрософт Наставници од Македонија, презентери на „Edu Day“.

За првпат пред пошироката публика во Македонија беше претставен концептот на иновативна училница, Мајкрософт Showcase Classroom, преку користење на платформата на Office 365 и низата алатки кои таа ги содржи. За презентација на Мајкрософт Showcase Classroom која треба да послужи како модел за функционирање на една иновативна училница во која технологијата е ставена во служба на педагогијата, беа поканети членовите на здружението ,, Пријатели на Образованието,, : Марина Василева, Дарко Талевски Славица Карбева и Марина Танасоска.

Посебен осврт беше даден на OneNote Staff NotebookиOneNote Class Notebook како клучни алатки кои овозможуваат простор за соработка и споделување на информации и ресурси помеѓу клучните чинители на образовниот процес. На настанот,иновативноста, креативноста и вештините на 21-от векбеа клучни фактори во одлучувањето на петте победници кои беа прогласени за најдобри во трите натпревари организирани од Мајкрософт за сите наставници од основните и средните училишта од Македонија. Наставниците со своите креативни изработки се натпреварувааво натпреварот за Мајкрософт експерт наставник од Македонија (Microsoft Innovative Educator (MIE), натпреварот за најиновативни наставници од Македонија во рамки на регионалниот ЦИЕ MIXathon предизвик за 2015-2016 година и натпреварот за Hour of Code.

Преземено од faktor.mk

Posted in Uncategorized | Leave a comment

СЕ ОДРЖА Е-ОПШТЕСТВО.МК: СЛОБОДА И ПРИВАТНОСТ НА ИНТЕРНЕТ

12360399_10153772169251873_3331025076003801975_nНа 10 декември во Хотел Холидеј Ин во Скопје се одржа единаесеттата меѓународна конференција е-Општество.мк на тема: „Слобода и приватност на интернет“. Конференцијата ја проследија над 200 присутни гости, претставници од јавниот, приватниот и невладиниот сектор.

Конференцијата ја отвори амбасадорката на Франција во Македонија, Н.Е. г-а Лоранс Оер, која нагласи дека во периодот пред избори медиумите треба да информираат објективно и да се чувстуваат супериорно во однос на политичките партии.

Конференцијата е во рамки на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“, а во соработка со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен и претставува продолжување на долгогодишната соработка на Метаморфозис и регионот Долна Нормандија во областа на човековите права. Како резултат на соработката на нашето здружение со фондацијата Метаморфозис и Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен, бевме поканети да ги споделиме нашите искуства, при штп нашата членка Марина Танасоска одржа презентација на тема Образование за човекови права – споделување најдобри практики.

Преземено од metamorphosis.org.mk/aktivnosti

Posted in Uncategorized | Leave a comment