GIMP – програмa за обработка на слики

Обработката на слики се изведува со апликативни програми наречени графички едитори. Постои голем број на апликативни програми за обработка/едитирање на слики како што се: Adobe Photoshop, Corel Photo-Paint, GIMP и др.

Обработката на слики со помош на овие програми опфаќа промена на димензиите и резолуцијата на сликите, геометриски трансформации на сликите (транслација, ротација…), подесување на контрасти, бои и острина на сликата, користење филтери за додавање специјални ефекти, фотомонтажа и др.

Еден таков Free Open Source едитор е GNU Image Manipulation program или скратено GIMP https://www.gimp.org.
Најновата верзија на програмата GIMP, (2.8.18) може се преземе на следниот линк.

Алатки во програмата GIMP за обработка на слики

После актививирањето на програмата (Start->All Programs->GIMP) се отвора „прозор“ као на сликата:
Основна карактеристика на програмата GIMP е тоа што не постои само едан работен прозор, туку се отвараат повеќе прозори. Во централниот дел е прозорецот во кој се отвара сликата и тој, по потреба, може да го опфати и целиот екран. Лево од него е палетата или т.н. „Кутија со алатки“ (Tool Box), а десно сe палетите за работа со слоевите (леерите-layers) и четките. По потреба сите овие палети  може да се затворат или да се отворат и дополнителни палети.

GIMP Toolbox (кутијата со алатки)

Во кутијата са алатима (Toolbox) во GIMP, алатките се прикажани као икони кои според сликичката асоцираат на нивнта функција. Секоја од овие алатки може да се активира и од главното мени и соодветното подмени.

Краток опис на алатките од кутијата со алатки:
Rectangle select tool – селекција на правоаголна област
Ellipse select tool – селекција на област во форма на елипса
Free-hand select tool – селекција на произволна област
Fuzzy select tool – селекција на површина врз основа на боја
Select by color tool – селекција на области со слични бои
Scissors select tool – селекција на област со  користење паметно поклопување на рабови
Foreground select tool – селекција на област  која садржи објекти што се во преден план односно објекти кои не се во позадина
Path tools – црта и менува патеки (линии)
Color picker tool – алатка за избор на боја врз основа на  некој селектиран пиксела
Zoom tool – алатка за зумирање т.е. зголемување или намалување на приказот на сликата
Measure tool – алатка за мерење на одалеченост и агли
Move tool – алатка за поместување слоеви (леери), од селектирана област и други објекти
Alignment tool – ги порамнува или уредува слоевите и другите објекти
Crop tool – алатка за отсекување делови од аликата
Rotate tool – алатка за ротирање слоеви од селектирана област
Scale tool – алатка за менување димензии на леерот или селектираната област
Perspective tool – алатка за менување перспектива на леерот или селектираната област
Flip tool – алатка за хоризонтално или вертикално ротирање на селектираната област или леер
Cage transform – алатка за хоризонтално или вертикално за деформирање на сликата
Text tool – алатка за  додавање и уредување леери со текст
Bucket fill tool –  алатка за исполнување на селектирана област со боја или шара
Blend tool – алатка за исполнување на селектирана област со градиенти
Pencil tool – алатка за цртање
Paintbrush tool – четка за цртање
Eraser tool – гума за бришење
Airbrush tool – спреј за цртање
Ink tool – алатка за пишување во ракопис
Clone tool – алатка за селективно копирање од слика со користење на четка
Healing tool – алатка за корегирање на сликата
Perspective clone tool – алатка за „клонирање“, откако на сликата е направена промена на перспективата
Blur/sharpen tool – алатка за селективно заматување или изоштрување на сликата
Smudge tool – алатка за селективно замастување на делови на сликата
Dodge/burn tool – алатка за селективно осветлување/затемнување на сликата

Видео прирачник за основниот interface  и алатките за работа во Gimp се дадени на следниов линк.

Advertisements
Quote | This entry was posted in GraphApps. Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s