Повик за учество на Мајкрософт натпревари за наставници

image006Мајкрософт ги продолжува активностите за поддршка на напорите за подобрување на образованието, инспирирање на учениците и промовирање на иновативноста и организира два државни натпревари кои имаат европска и светска тежина и како и претходните натпревари имаат за цел да ги поттикнат наставниците да воведуваат нови пристапи, проактивно да ги користат новите технологии во образовниот процес и воедно да бидат наградени (https://education.microsoft.com/

1. Натпревар за Мајкрософт експерт наставник од Македонија (Microsoft Innovative Educator (MIE))

Microsoft Innovative Educator (MIE) програмата е екслузивна програма создадена да ги препознае наставниците визионери од цел свет кои ја користат технологијата да го покажат патот на своите колеги како ефективно да ја користат технологијата во работата со учениците. Придобивката од учеството на овој натпревар е во можноста за професионален и кариерен развој и сертификација, можноста за споделување на нивната експертиза со светски едукатори и специјалисти, презентирање на искуствата на глобалните EduCast вебинари и многу повеќе.

· Право на учество: На натпреварот може да се пријават сите наставници од основните и средните училишта од Македонија.

· Краен рок: Крајниот рок за пријавување на натпреварот е 14 декември 2015 година.

· Награди: Наставникот кој ќе биде избран за Microsoft Innovative Educator (MIE) експерт ќе ја претставува Македонија на Microsoft Global Educator Exchange настанот кој ќе се одржи на пролет 2016 година.

· Дополнителни информации: Подетално за програмата, начинот на пријавување, придобивките, крајните рокови, прочитајте на следниот линк.

Наставниците со најдобри апликациии ќе бидат поканети на голем настан кој ќе се одржи во втората половина од декември, за кој ќе бидете во скоро време известени, во Скопје и на кој ќе се прогласи победник на натпреварот.

Напомена! Сите наставници кои имаат пријавено изработки за натпреварот потребно е да ги пополнат своите податоци во формуларот и да ги достават на следна адресаpilmacedonia@live.com

2. Натпревар за најиновативни наставници од Македонија во рамки на регионалниот ЦИЕ MIXathon предизвик за 2015-2016

Мајкрософт Миксатон Предизвикот Microsoft MIXathon Challenge е можност за препознавање на иновативните едукатори. Се работи за возбудлив предизвик кој помага при споделување на иновативните идеи на наставниците со кои се поддржуваат новите пристапи во учењето во 21 век. За учество на натпреварот е потребно да се изготви интерактивна презентација од најмногу 15 минути со новиот Office Mix, на тема која е по избор на наставникот. Претходното знаење за креирање PowerPoint презентации се надополнува со Office Mix, овозможувајќи создавање и споделување интерактивни образовни активности.

· Право на учество: На натпреварот може да се пријават сите наставници од основните и средните училишта од Македонија.

· Краен рок: Краен рок за пријавување на натпреварот е 14 декември 2015 година.

· Награди: Победникот на натпреварот заедно со претставниците од останатите 32 држави ќе ја претставува Македонија на регионалниот натпревар на Централна и Источна Европа. Регионалниот натпреватар ќе се одржи на пролет 2016 година.

· Дополнителни информации: Подетално за програмата, начинот на пријавување, придобивките, крајните рокови прочитајте на следниот линк.

Наставниците со најдобри апликациии ќе бидат поканети на голем настан кој ќе се одржи во втората половина од декември, за кој ќе бидете во скоро време известени, во Скопје и на кој ќе се прогласи победник на натпреварот.

Напомена! Сите наставници кои имаат пријавено изработки за натпреварот потребно е да ги пополнат своите податоци во формуларот и да ги достават на следна адресаpilmacedonia@live.com

Advertisements
This entry was posted in За нас, Uncategorized. Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s