ВЕРДОСТОЈНОСТ НА ИНФОРМАЦИИТЕ

Пронаоѓањето на потребните информации не е и крај на процесот на онлајн пребарувањето и соодветната употреба на пронајденото. Пронајдените информации мораат да се подложат на проверка, споредба и тест за издржано референцирање кое ќе ги задоволи строгите принципи на преиспитување на валидноста на информациите.

  • Што може да ни открие една интернет (URL) адреса?

Прашање 1: Дали станува збор за нечија лична страница? Прочитајте ја адресата внимателно. Барајте лично име проследенo со ( ~ ) или ( % ) или има зборови како “users” “members” или “people”. Исто така индикаторможе да биде и име на некој Интернет сервис провајдер или друг сервис (linkedin.com, twitter.com, facebook.com, geocities.com).
Што значи тоа: Личните страници не се лош извор на податоци, особено денес, кога блоговите се толку многу секојдневна појава, но тие бараат дополнително истражување/утврдување на кредибилетот на авторот. Зад нивната содржина не стои некоја поголема издавачка куќа или сопственик на некој интернет домен.

Прашање 2: За каков тип на домен станува збор? (gov; edu, org; com; mk; de;) Дали содржината која ја барате е соодветна со доменот?
Што значи тоа: Треба да се бара содветност. Каков домен би бил најверодостоен за содржината која се бара? Иако денес разделувањето на доемните не е следено со толку строги правила, сепак постои некој ред и етика која често знае да биде дополнителен извор на кредибилитет и веродостојност.

Прашање 3: Дали обајвената содржина е објавена од ентитет кој има смисла? Погледни дали адресата содржи ентитет/фирма/организација која е позната. Вообичаено тоа е првиот дел од адресата (помеѓу http:// и првото /) Дали ова име кореспондра со името на сајтот?
Што значи тоа: Секогаш може да се има поголема доверба во содржина која е објавена од самиот издавач. Па така доколку барате информации за некое министерство поверодостојни би биле информациите објавени на нивниот матичен сајт.

  • Набрзина скенирајте ја со поглед страницата во потрага по одговори на следниве прашања: Техники: побарајте линкови кои велат: За нас , Мисија, Цели, Биографија и сл.

Прашање 1: Кој е автор на страницата? Побарајте име на авторот, организацијата, институцијата или кој и да е одговорен за страницата. Доколку нема прецизно наведен автор тогаш побарајте која организација или институција е надлежна за страницата.
Што значи тоа: Интернет страниците се создадени со некоја цел од страна на некои лица, институции или други правни лица. Барајте некој кој ја презема одговорноста и го тврди сопственоста на содржината. Имејл адреса без дополнителни информации за авторот не е доволно уверливо, за да ја потврдите сопственоста испрате порака на адресата и обидете се да дозанаете нешто повеќе за авторот/авторката.

Прашање 2: Дали страницата има датум на објавуање и дали е тој доволно прецизен? Проверете дали датумот е застарен за некоја тема во која брзо се менувале работите или која е одвивала во времнески чувствителни периоди. Внимавајте, статистички инфорации кои немаат датум не се воопшто подоверливи од оние анонимните информации. Најдобро е да не ги употребувате.
Што значи тоа: Колку треба да се свежи информаците, зависи од вашите потреби. За некои теми потребна е точна и навремена информација, за други важно е дека информацијата била објавена во некој разумен перод кога била актуена. Во некои случаи, објавувањето на датум може да укаже дали авторот сеуште редовно ја дополнува странцата или таа е одмана напуштена, што исто така може да биде значаен индикатор.

Прашање 3: Колкав е кредибилитеот на авторот на соодветната тема? Дали неговата наведена биографија или образозование изгледа како да е  квалификуван да пишува на зададената тема? Можеби страницата е на некој кому оваа тема му е хоби или е само прогласен експерт или пак ентузијаст? Дали можеби страницата претставува тирада од зборови, екстремни ставови, искривени и преувеличени информации?
Што значи тоа: Денес секој за неколку минути, бесплатно може да објави на Интернет што сака. Вашата задача е да умеете да разграничувате што е доверливо и веродостојно а што не е. Голем број веб страници се всушност нечиј став. Треба да бидете уверени во кредибилетот, авторитет и докоментираноста на авторот во иста мера со која би верувале на некој напис објавен во признат печатен извор (книга, академски журнал, добар весник).

  • Барајте индикатори за квалитетот на информациите. Барајте линк наречен линкови (links), дополнителни извори (additional sites), поврзани линкови (related links) и слично.

Прашање 1: Дали извроте се документите со фусноти или линкови? Од каде го добил информациите авторот? Дали има линкови кој други страниците на изворите? Дали тие се извори на кои може да им се верува? Дали линовите воопшто работат?
Што значи тоа: Кај академските и истражувачките дела кредибилитетот најчесто се докажува со референцирање или друг начин на откривање на изворите на информациите. Објавуавање информации без навдување на изворите не е ништо повредно од споделување на личен став. Исклучок може да бидат новинарски написи од високо почитуван весник или магазин. Но мора да се знае дека ова не се извори кои типично се употребуваат во академски (образовни) пишувања.

Прашање 2: Дали информациите преобјавени од друг извор, се комплетни, фалсификувани или изменети? Доколку текстот е прекуцуван лесно може да се случи тој да биде изменте. Доколку е реобјавен од друга публикација проверете дали се обезбедни права за реобјавување и дали постојат причини зошто нема линкови до оригиналниот извор доколку тој е на интернет.
Што значи тоа: Понекогаш ќе мора да го најдете оригиналот за да се уверите дека изворот кој сте го нашле е комплетен и не е менуван. Обидете се да го надјете оригиналниот извор. Доколку линкот упатува на извор кој не е оргинален тогаш треба да се соменвате и да ја продолжите проверката.

  • Проверете што велат другите Техники: дознајте кои веб страници имаат поставено линк до онаа која ја проверувате: употребете го сервисот www.alexa.com.
  1. Внесете ја адресата и погледнте ги инфорамциите за истата. Ќе добиете податоци за посетеноста, сопственикот, линкови поврзани со таа страница, други веб страници кои имаат линкови кон страницата и линк кон Wayback Machine (http://web.archive.org/collections/web.html) каде ќе можете да ги видите постарите верзии на истата страница.
  2. Во пребарувач (Google) пребарајте го линкот. Во полето за пребарување внесете „link:целосна интернет адреса” (на пример link:https://crisp.org.mk)
  3. Пребарајте го името на авторот. Обидете се со и без наводници што значи со точно име или секој збор одделно.

Прашање 1: Кој има поставено линк до страницата? Има ли многу линкови? Каков тип страници имаат поставено линк? Што велат тие? Некогаш ќе забележите дека кон некоја страница ималинкови само од самата страница, не и од други страници. Ова не е воопшто препорака.
Што значи тоа: Некогаш ќе открете дека линк до странца може да има поставено само една страница која е директно поврзана со онаа која се обидувате да ја верификувате. Често тоа може да се класични страници за поддршка или омраза. Проверете ги обата типа.

Прашање 2: Што велат другите за авторот или страницата? Пребарувањето на нечие име знае да открие многу детали.
Што значи тоа: Внимавајте на мотивациите и на контекстот. Исто така обидете се да пребарате кои блогови ја спомнуваат страницата или автрот што ги пребарувате. За таа цел може да го користите http://blogsearch.google.com/

Детален опсис на принципите по кои се врши проценка на веродостојност на интернет страници е достапен на официјалната страница на проектот: Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет. Линк:http://crisp.org.mk/content/view/32/53/lang,mk/

Текстот е преземен од документот ПРЕПОРАКИ ЗА НАПРЕДНО И СПЕЦИЈАЛИЗИРАНО ПРЕБАРУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ НА ИНТЕРНЕТ.

 

Advertisements
This entry was posted in Research. Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s