WolframAlpha.com

alfa1За разлика од регуларните Интернет пребарувачи на веб-страни, Wolfram Alpha себе си се нарекува пребарувач на одговори. Овој сервис ги собира сите научни, филозовски, јазични и слични податоци на Интернет во структурирана форма и наместо да генерира спосок од Интернет страни, содржината ја презентира во структурирана формулација на податоци. Овој тип на пребарувач драстично се разликува од семантичкиот пристап кај Google и Bing, напротив Wolfram Alpha користи комплетно математички пристап за презентирање на информација притоа користејќи визуелизација, математички пресметки и статистички податоци.

Wolfram Research е позната компанија по својот софтвер Wolfram Mathematica што активно се користи низ сите универзитети во светот. Според нив wolframalpha.com е базиран на оваа софтверска платформа и благодарение на неа корисникот може да пресметува комплекни математички равенки или да открива научни откритија презентирани во структурирана форма. Доколку пребаруваме нешто на Google/Bing постои веројатност да добиеме милиони интернет страни со бараната информација, но Wolfram Alpha ќе ни презентира информации веќе спакувани на разбирлив научен јазик и поткрепени со статистика, дополнителни информации и можност да ги зачувате тие резултати како PDF документ.

Овој текст е оригинално објавен во списанието ClickMag, број 35, а преземен од следнот линк.

Advertisements
Gallery | This entry was posted in Research. Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s