Пребарување со Bing

bing1Уште при првиот контакт со Bing ќе ве пречека убава и живописна фотографија на која што може да се види некоја занимливост или интересен предел од некој дел од светот. Самата фотографија е интерактивна, така што доколку со покажувачот од глувчето застанете на поедини делови, ќе добиете информации за одредени сегменти кои се поврзани со самата фотографија или со нејзиниот назив и локацијата каде е снимена.
Во горниот дел од прозорецот се сместени  дел од генералните категории според кои можете да пребарувате и да ги гледате добиените резултати. Покрај основното пребарување (веб страни) уште ќе можете да пребарувате и слики, видеа, мапи, да добиете повеќе информации за патување или купување, или пак вести од било која точка на светот.

bing2Но, да го погледнеме ова во акција. Во полето за пребарување, кое без разлика од позадинската фотографија, секогаш е јасно определено, впишуваме клучен збор или фраза, на пример Partners in Learning. Веднаш забележуваме дека пребарувачот ни дава сугестии во реално време кои што би можеле да ни помогнат доколку не знаеме точно како се пишува нешто што го бараме или едноставно не сакаме да пишуваме цел текст. И веднаш пред нас се отвора обемната листа со резултати подредена по релевантност. Во називот намерно не го ставивме Microsoft но тоа не беше пречка за Bing. Прв резултат беше токму програмата Microsoft Partners in Learning, а воедно истата беше и прва во изборот на релевантни страници за бараниот поим која се креира лево од листата со резултати.

bing3Табот Images покрај тоа што ќе ви ги даде сите фотографии, слики, графички елементи и цртежи поврзани со бараниот поим, уште ќе ви понуди и низа филтри според кои можете лесно да ги филтрирате за да го намалите изборот и да ја пронајдете вистинската. Така на пример можете да одберете да се прикажуваат сите слики со средна големина кои се во форма на квадрат, истите се во боја и не се илустрација туку фотографија. А ако и тоа не е доволно застанете на кратко со глувчето врз сликата и ќе добиете подетални информации за неа, без да треба да ја отворате и снимате, за да ја дознаете димензијата, на пример. Кај видеата ситуацијата е уште подобра. Покрај можноста да ги дефинирате според должината, форматот, квалитетот и изворот уште ви се нуди и единствена шанса со едно единствено застанување врз одбраното видео да можете да прегледате дел од неговата содржина. Мора да се признае, навистина оригинално.
Со Bing купувањето он-лајн е вистинско уживање. Откако во полето за пребарување ќе го внесете поимот што го барате веднаш ќе добиете детален извештај за тоа каде и во кои продавници може да се набави, колку ќе ве чини тоа и низа дополнителни информации кои што ќе ви помогнат да ја донесете вистинската одлука. Доколку пак не знаете што да купите или барате подарок но не знаете што, искористете ги опциите од лево за да го скратите списокот со резултати и да го нагодите според своите потреби.
Покрај овие напредни начини за пребарување зад кои стојат современи и брзи алгоритми, со Bing можете и да разговарате, да го прашувате едноставни прашања и да добивате инстантни одговори. На пример ако внесете 2+pi * 8 веднаш ќе го добиете бараниот резултат од 2+pi *8 = 27.132741. Исто така можете да поставувате едноставни прашања чии одговори можат да се најдат во Encarta (енциклопедија на Microsoft) која што е дел од огромната база со резултати низ кои пребарува Bing.

Овој текст е оригинално објавен на блогот Партнери во Учењето.

Advertisements
Gallery | This entry was posted in Research. Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s