Напредно пребарување со Bing

Исто како Google, и Bing има сопствени управувачки команди/операции што може да му ги задаваме пред и после термините што ги пребаруваме. Но Bing сеуште нема вградена интерактивна форма за напредно пребарување. Во моментов можеме само директно да ги користиме командите во полето за внесување термини. Познатите операции како што се site:, OR, filetype:, location: и уште неколку, може да се сретнат исто така кај напредното пребарување со Bing. Но најинтересната што крена и многу прашина е командата „linkfromdomain:“.
Пример: linkfromdomain:list.mk. Со овој оператор Bing ќе ги излиста сите интернет страни што се вметнати како URL линк некаде во содржините на оваа Интернет страна. Навистина популарна операција и многу позната кај Интернет маркетинг специјалистите и техниките за SEO, а добродојдена е и за обичниот корисник. Доколку не ни текнува некој линк до Интернет страна, а бил спомнат во некоја друга веб-страна што ја посетуваме и ја знаеме, тогаш со linkfromdomain: веднаш ќе ги добиеме бараните линкови.

bing4Операцијата contains: е омилена кога станува збор за потенцијална информација со дигитален материјал за преземање од Интернет. За разлика од filetype: каде што пребарувањето е ограничено од наведениот тип на документ или датотека, contains: овозможува резултати од Интернет страни што некаде во својата содржина го имаат бараниот документ односно датотека. Пример: македонски фонтови contains:zip. Резултатот од примерот ќе биде интернет страни што имаат информации за кирилични фонтови со македонска азбука спакувани во .zip архива со линк за превземање. Истото може да го направиме со .torrent, .mp3, .avi, .pdf и така натаму.

Овој текст е оригинално објавен во списанието ClickMag, број 35, а преземен од следнот линк.

Advertisements
Gallery | This entry was posted in Research. Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s