SearchEngines

Во денешни услови информациите ни се достапни речиси на секој чекор. Разновидноста на можностите за пронаоѓање потребни информации е особено забележителна и присутна во онлајн сферата. Покрај ваквиот констатиран пораст на достапни информации се јавуваат неколку типови проблеми:

  •  проблеми со тешко пронаоѓање потребни информации заради големиот наплив и количества на достапни информации, т.е. така наречениот ефект „барање на игла во сено“;
  •  репетитивност во содржините, односно повторување на исти информации кај повеќе извори и отсуство на пофокусирани и поразновидни содржини кои се потребни;
  •  употреба и потпирање на информации кои не се проверени или верификувани од повеќе валидни извори или инстанци;

Самиот процес на барање онлајн информации, бара осмислување и изведување на неколку значајни претфази и подготовки, од кои во голема мера зависи успешноста на пребарувањето. Таквиот активен однос од страна на барачот подразбира:

  • формулирање на поимот, терминот или прашањето за пребарување;
  • идентификација на важните концепти во рамките на прашањето или синтагмата за пребарување;
  • идентификација на сродни поими, копнцепти и термини кои реферираат кон првичните поими и ги опишуваат поблиску;
  • идентификација на синоними и варијации кон овие поими и термини кои помагаат при пребарувањето;

Денес, на располагање ни се повеќе машини за пребарување (search engines), кои користат различни техники на пребарување:

  1. Google најпоплураната машина за пребарување со 40 000 пребарувања во една секунда, 3,5 милијарди пребарувања на ден, т.е 1,2 трилиони пребарувања за една година.
  2. Bing search engine на Мајкрософт кој нуди интересни опции за пребарување  мапи, видеа и слики.
  3. InstaGrok резултатите ги прикажува како интерактивна мапа што вклучува линкови до други веб-сајтови видео клипови, слики и др. содржини
  4. Wayback Machine овозможува пребарување низ веб архивата и пристап до огромен број на copy right free материјали
  5. Yahoo Search
  6. Ask.com овој тип на пребарувач е специјализиран за одговарање на прашања, а не само за пребарување преку термини
  7. DuckDuckGo’s  обезбедува приватност при пребарувањето т.е не следи што пребарувате на интернет за разлика од некои од другите пребарувачи
  8. Dogpile користи таканаречени мета податоци за да ги прикаже  најдобрите резултати направени преку споредба на резултатите од голем број други пребарувачи како Google, Yahoo, Ask
  9. Quora е специјализиран за одговарање на прашања од страна на експерти за определена област
  10. Google Scholar
  11. WolframAlfa

Но без разлика која од наведените search engines ќе ја користите треба да ги имате на ум следниве препораки:

  • Многу информации не значи автоматски многу добри и корисни информации
  • Осмисли ги поимите и термините, увиди ги врските помеѓу нив, варирај ги синонимните, барај додека не добиеш задоволувачки (поволни) резултати.
  • Пребарување со клучни термини (зборови) впишани на кирилично и латинично писмо дава различен резултат. Искористете ја оваа предност за да добиете подобри резултати.

Користени материјали:

  1. Препораки за напредно и специјализирано пребарување на податоци од интернет

 

Advertisements
Gallery | This entry was posted in Research. Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s