Напредно пребарување со Google

googleОсвен можноста за пребарување по различни категории (веб страни, слики, видеа мапи и др) табот Search Tools ќе ви понуди и низа филтри според кои можете лесно да ги филтрирате погодоците од пребарувањето за да го намалите изборот и да ја пронајдете вистинската информација. Така на пример можете да одберете да се прикажуваат сите слики со одредена големина, боја и формат.

sl2Напредно пребарување е опција што овозможува интерактивна форма за управување со Интернет пребарувачот.  Кај Google, алатот за управување е составен од клучни зборови т.е.  зборови-операции што му ги задаваме кога пребаруваме нешто или ја користиме можноста напредно пребарување. Исто така за Google нема разлика дали ние ќе користиме директни команди во полето за внесување клучни зборови или ќе ја користиме интерактивната форма. Напредното пребарување ни овозможува да бараме по точна реченица точно така како што сме ја впишале во полето за пребарување, конкретна Интернет страна, заобиколување на термини што не сакаме да ни бидат приложени во резултатот, доплнување, регион, датум итн.

sl3Пребарување со точна фраза ( “точно оваа фраза“ ) што ја впишуваме помеѓу горни наводници во полето за пребарување, Google ќе ни даде само разултати што ја содржат таквата формулација на реченицата. Тоа ни овозможува да најдеме некој наслов или некој дел од текст за кој точно знаеме во каков контекст може да биде впишан во документот „Интернет страна“.

Термини или зборови што сакаме да ги заобиколи Google при пребарувањето ги впишуваме напред со (–) минус. Пример: градски автобуси -Скопје. Во примерот Google ќе ни даде резултати за градски автобуси, но ќе ги тргне резултатите во кои е содржан зборот Скопје. Со минусот напред може да внесуваме колку сакаме зборови се со цел да го насочиме подобро пребарувачот.

Ѕвездичката (*) ни овозможува надополнување на празни места во реченицата за кои не знаеме каков збор стои на тоа место. На пример: Учениците од ОУ Григор Прличев  присуствува на *. Во резултатите Google ќе ни даде веќе надополнети реченици со зборови наместо ѕвездички. Ѕвездичката во случајот со Google заменува цели зборови, не заменува половина збор или делови од зборови.

sl4Ако веќе ни треба информација од конкретна Интернет страна и сакаме Google да ни даде резултати само од неа, тогаш ја користиме операцијата site:www.list.mk. Можеби една од најкорисните операции што ја има во напредните можности за пребарување што ги овозможува овој Интернет пребарувач. Најкорисна е особено за тие веб-страни каде што немаат вградено сопствен пребарувач.

OR е една од најинтересните операции за пребарување. Пример: Светско првенство во фудбал 2010 OR 2011 OR 2009. Ако ги ставиме годините, 2009, 2010, 2011 без OR помеѓу нив Google ќе претпоставува дека сите треба да ги има во една Интернет страна и ќе ни даде резулати во кои ги има сите овие години (односно нема да ни даде точни резултати). Благодарение на „OR“ Google ќе ни даде резултати за годината во која се случило првенството и информации за истото.

Во останатиот дел од напредните можности што ги нуди Google пребарувачот има уште подетално и поточно управување со барањата. Опцијата за јазикот на пример, ни овозможува да впишуваме термини на македонски, а пребарувањето да ни даде резултати на француски. Доколку сакаме да добиеме резултати од некоја држава или од било кој дел на светот, тогаш го избираме саканиот регион. Датумот е една од најомилените можности што ги нуди напредното пребарување на Google. Со датумот го намалуваме временскиот опсег т.е. староста на резултатите од барањата и можеме да ги добиеме информациите од изминатиот месец, недела или година.

Слични интернет страници се однесува за пребарување на цели Интернет страни што имаат слична тематика или содржина. Пример: related:www.notformen.mk. Со оваа наредба Google ќе ни даде список на веб-страни што имаат слична тематика или содржина на Интернет страната http://www.notformen.mk.
Ова се позначајните управувачки операции што може да му ги зададете на Google пребарувачот и да добиете конкретни резултати од барањата. Слободно ве охрабрувам да ги разгледате останатите можности и команди каде што детално и темелно се презентирани можностите што ни ги овозможува Google Интернет пребарувачот.

Овој текст е оригинално објавен во списанието ClickMag, број 35, а преземен од следнот линк.

 

Advertisements
Gallery | This entry was posted in Research. Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s