22 Април – Светски ден на Планетата Земja

Во светот денеска со низа манифестации се одбележува Денот на планетата Земја – 22 Април. За првпат Светскиот ден на Планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, како резултат на теоријата на американските научници дека на тој ден ќе се случи „демонстрација” на сите природни ресурси на земјата. На настанот присуствувале над 20 милиони граѓани, револтирани од загадувањето и токсичниот материјал. Целта на одбележувањето на „Денот на Планетата Земја” е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина.

Серијата на алармантни еколошки инциденти кон крајот на 60-тите години од минатиот век спонтано почна да ги групира луѓето околу идејата да го заштитат животот на планетата. Еколошката кампања насочена кон заштита на Земјата поттикна на усвојување на документите за чиста вода и воздух, заштита на загрозените растителни и животински видови. Потоа уследи формирање на агенции и институции за заштита на животната средина, на владини и невладини еколошки организации ширум светот. По тој повод ОН ќе се обидат да мобилизираат милиони луѓе да создадат одржлива, здрава природна средина со озеленување на градовите ширум светот и во наредните две години ќе организираат кампања „Зелени градови“, што треба да прерасне во глобално движење.

По повод Денот на планетата земја сакам со Вас да споделем еден интересен линк
14 Educational Resources for Earth Day 2014. 
(
http://www.freetech4teachers.com/2014/04/14-educational-resources-for-earth-day.html)

 

Advertisements
This entry was posted in За нас, Uncategorized. Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s