Уредување табели

Работа со колони и редици

  1. Вметнување на ред или колона во табелата се прави на следниот начин:
  • Се поставува курсорот во редот (или колоната) пред која што треба да се вметне нов ред (односно колона).
    Пример: ако треба да се вметне втор ред се поставува курсорот во вториот ред.
    Новата редицаќе се вметне пред редицата во која е поставен курсорот.
    Новата колона ќе се вметне лево од колоната во која е поставен курсорот.
  • Од табот HOME, од групатa Cells, избери ја наредбатa Insert.

Image result for inserting rows excel 2013

Image result for inserting rows excel 2013 context menuВметнувањето редица односно колона може да се направи и со кликање на десниот клик на глувчето на името на редот односно колоната и избор на наредбата Insert од контекстното мени.

 

 

 


Со избор на наредбата Insert Sheet ќе се вметне нова работна табела, во работната тетратка.

2. Бришење на ред или колона во табелата се прави на следниот начин:

  • Се поставува курсорот во редот (или колоната) која што треба да се избрише.
    Пример: ако треба да се избрише втората редица се поставува курсорот во втората редица.
  • Од табот HOME, од групатa Cells, избери ја наредбатa Delete.
    Image result for delete схеет rows excel 2013

 

 

 

 

 

3. Бришење на ќелии

  • Се селектираат потребните келии.
  • Од менито Edit се активира наредбата По активирање на оваа наредба, на екранот се појавува следниот прозорец за дијалог.

Image result for delete cellsкаде што опциите го означуваат следното:

Shift Ceels Left – Поместување на соседните келии во лево
Shift Cells Up – Поместување на соседните келии горе.
Entire Row – Отстранување на редовите во кои што се наоѓаат селектираните келии
Entire Column – Отстранување на колоните во кои што се наоѓаат селектираните келии.

4. Бришење на содржината на келиите, редиците и колоните:

  • Се обележуваат (селектираат) потребните келии, редови или колони.
  • Се притиснува копчето DEL од тастаурата.
    Во ваков случај се брише САМО содржината на ќелијата, редот или колоната.

how to remove cell formatting in excel 2013Постои можност од келиите  да се остранат формулите, форматот, забелешките, или сите елементи истовремено, со избор на наредбата Clear, од групатa Editing, од табот HOME.

 

 

5. Со избор на наредбата Delete Sheet ќе се избрише целата работна табела (Видео туториал)
Бесплатни курсеви http://www.teachucomp.com/free-registration-int/ 

Image result for delete worksheet EXCEL 2013

Бришење на работната табела може да се направи и со десен клик на името на табелата во лентата со табели (на пример Sheet2) и избор на наредбата Delete од контекстното мени.

На ваков начин може да се вметне нова табела (наредба Insert), да се преименува (наредба Delete)и сл.
6. Промена на димензиите на редиците и колоните

Image result for etting Row Height and Column Width

Image result for Setting Row Height and Column Width excel 2013

Промената на димензиите на некоја редица или колона може да се направи на два начини:

  1. позицинирај се со глувчето на линијата помеѓу ознаките со имиња на колоните (на пр. на сликата е прикажано проширување на колонота А), и кога покажувачот ќе го промени обликот (како на сликата) влечи со притиснат лев клик на десно или на лево.
  2. Вториот начин е со избор на наредбата Format >Row High, од групатa Cells, од табот HOME за промена на висината на редицата.

со избор на наредбата Format >Column With, од групатa Cells, од табот HOME за промена на ширината на колоната.

Advertisements