Уредување на содржината на слајдовите

Иако Power Point не е програма за цртање, тој нуди широка палета на алатки
со кои може да се внесат текстуални рамки, цртежи, графички форми и тие да се обработат така што ќе се надополнуваат со рамки, различни ефекти, анимации и др.

Пред започнувањето на било каква операција со објектите од слајдот, потребно е тие најнапред да се селектираат. Селектирањето се прави така што покажувачот на глувчето се поставува на објектот, а потоа се кликнува на него.
Постои можност за селектирање на повеќе објекти истовремено. Тоа се постигнува така што се притиска и држи типката Ctrl или Shift, покажувачот на глувчето се позиционира на секој објект поединечно и со кликнување на него тој се селектира.

Бришењето на објектот се врши со притискање на тастерот Delete.

Копирањето на објект се врши со наредбата Copy (од тастатура Ctrl+C). Потоа со покажувачот на глувчето се позиционираме онаму каде што треба да се појави ископираниот објект и се активира наредбата Paste. Во менито со наредби за Paste се отвора можност за избор на начинот на копирање, па така може да се избере едноставно Paste (од тастатура CTRL+V), посебен начин со Paste Special, или удвојување – Duplicate.

Работа со текстуални рамки (Text Box)
Текстовите кои се појавуваат во слајдовите најчесто се сместени во текстуални рамки.  Кога се пристапува кон внесување на текст, корисникот веќе стигнал до вметнување на содржина во веќе избран, дефиниран и структуиран слајд. Во таквиот слајд, рамките за текстот се веќе поставени, така што на означеното место само се заменува постоечкиот со новиот текст и се пристапува кон негово форматирање.

ТексImage result for insert text box powerpoint 2 2013туална рамка во слајдот може да се активира така што во рибонот Insert,
група наредби Text с
е избира наредбата Text box.  По изборот на наредбата Text box корисникот се позиционира на местото во слајдот на кое сака да постави нов текст, односно да постави нова текстуална рамка. Покажувачот на глувчето се позиционира на почетното место од кое треба да се формира текстуалната рамка. Потоа се притиска левиот тастер на глувчето и се држи притиснато додека се влече, односно се придвижува, дијагонално, за да се формира текстуална рамка, која иницијално може да биде и во правоаголна и во квадратна форма.

Форматирање на текстуалната рамка

Image result for insert text box powerpoint 2 2013

Најпрво текстуалната рамка треба да се селектира а потоа со помош на алатките и наредбите од рибонот што се отвора со активирање на контекстното мени Format Drawing tools се добива можност за нејзини форматирање што подразбира: оцртувањето рамка, дефинирање на формата на рамката, бојата, сенките, позиционираноста на самата површина со многу можни ефекти, потоа со можности за боење на површината во самата рамка, текстот, начинот на подредувањето на текстуалната рамка, одредување на големината на рамката, итн. Уредувањето на текстот  пак во текстуалната рамка се врши со помош на алатките  за работа со текст од рибонот Home,  во групите Font  и Paragraph.

Работа со слики во слајд

Слика Image result for insert Picture powerpoint 2 2013во слајдот се вметнува со активирање на наредбата Picture од рибонот Insert,

Со активирање на било која од погоре споменатите наредби се отвора дијалог во кој се избира точната локација, односно директориумот во кој се наоѓа фотографијата која треба да се внесе во слајдот. 

За форматирање на сликата пак, таа најпрво се селектира а потоа со помош на алатките и наредбите од  контекстното мени Format Picture Tools се добива можност за нејзини форматирање. Контексната картичката Picture Tools ги содржи следните групи наредби: Adjust, Picture Styles, Arrange, Size.

Image result for insert Picture powerpoint 2 2013

 

 

 

 

 

 

 

 

  • Adjust ги содржи наредбите поврзани со светлината на сликата, контрастот, промената на бојата, компресијата на сликата, промената на сликата, ресетирање на промените на сликата.
  • Picture Styles ги содржи наредбите за дефинирање на стилот на сликата, нејзиниот облик, поставувањето на рамка околу сликата, ефектите на сликата.
  • Arrange ги содржи наредбите кои се однесуваат на позиционирањето на сликата – дали да стои во прв план, дали да биде ставена во позадина, дали да биде дел од групата објекти, како да се одреди редоследот на објектите во групата и сл.
  • Size ги содржи наредбите кои се однесуваат на димензиите на сликата и алатката со која има можност за кратење, односно отстранување на сите непотребни делови од сликата (Crop).
  • Активирањето на наредбата Crop значи дека се пристапува кон сечење на делови од сликата. Во тој случај, околу сликата се појавува рамка со испрекината линија во која на аглите е споена.

Работа со графички форми

За да се внесе Image resultсоодветната форма  се отвора рибонот Insert и од групата наредби Illustrations се избира наредбата Shapes. За форматирање на формата, таа најпрво се селектира а потоа со помош на алатките и наредбите од контекстното мени Format Drawing Tools се добива можност за негово форматирање.

Image result for формат објецтс powerpoint 2 2013

Групата наредби Shape Styles овозможува дефинирање на стилот на обликот. Тука се избира како тој ќе изгледа – полн со боја, засенченост, само граница, итн.

 

 

  • Со наредбата Shape Fill се отвора мени кое нуди избор на бојата и интензитет на бојата, дали ќе биде целосно исполнет со боја или постепено ќе се исполнува и со каква динамика, но и каква ќе биде исполнетоста – каква текстура – точкеста, со линии, јасни, што се преливаат, бледи, темни, итн.
  • Со изборот на наредбата Shape Outline се врши избор на изгледот на рамката на обликот – линија, полна или испрекината, обоена или црна, со колкава дебелина итн.
  • Последната наредба од оваа група се однесува на ефектите кои треба да ги одразува обликот. Со наредбата Shape Effects се отвора мени со нови наредби кои водат кон уточнување на ефектот за да се засили одразот.

Групата наредби Arrange овозможува позционирањето на објектот и го одредува редоследот на објектите во слајдот.

  • Со изборот на наредбата Bring to Front  објектот се позиционира најгоре во групата објекти.
  • Со изборот на наредбата Send to Back  објектот се позиционира најдолу во групата објекти
  • Ротирање на објектот се врши со избор на наредбата Rotate. Тоа значи дека неговата позиција може да се избира по однос на ротирање околу сопствената оска.
  • Групирање на објектите е операција која му е на располагање на корисникот. Со активирање на наредбата Group се отвора мени кое нуди групирање, или разединување на објектите.

Вметнување на текст во облик (Word Art)
За да се внесе Word Art  во даден слајд,  се избира рибонот Insert и од групата наредби Text се избира наредбата Word Art.
Image result for insert word art powerpoint 2 2013

 

 

 

 

 

За форматирање на Word Art-от, тој најпрво тој се селектира а потоа со помош на алатките и наредбите од  контекстното мени Format Drawing Tools се добива можност за негово форматирање.Image result for insert word art powerpoint 2 2013