Работа со слајдови во презентација

Работа со слајдови

  • Вметнување на слајд
    Вметнувањето на нов слајд во презентацијата може да изврши во секое време и на секоја позиција во презентацијата. Може да се вметне веќе готов слајд од друга презентација, или празен слајд, односно нов, кој ќе се креира според желбите и потребите на корисникот.
    Доколку се вметнува нов слајд, тогаш во рибонот Home, групата наредби Slides се активира наредбата New Slide, од каде се отвора дополнително мени со можности за избор на изгледот на слајдот.  

 

 

 

 

 

  • Бришење на слајд
    Бришење на слајд може да се изврши на следниот начин: се селектира слајдот што треба да биде избришан и се активира наредбата Delete од групата наредби Slides во рибонот Home или се притиска на тастерот Delete од тастатура.
  • Преместување и копирање на слајдови во презентација
    Најлесен начин за преместување на слајд од една на друга локација е со примена на т.н. влечи-и-пушти техника (drag-and-drop). Преместувањето на слајдот со т.н. влечи-и-пушти техниката (drag-and-drop): се одвива така, што се селектира саканиот слајд, се држи притиснато левиот тастер на глувчето, се носи до позицијата на која сакаме да биде преместен, и тука се отпушта тастерот при што слајдот се позиционира на саканото место.
    Преместување и/ или копирање на слајдот може да се направи и на следниов начин: се селектира саканиот слајд, се активира наредбата Cut или Copy, од рибонот Home од групата наредби Clipboard.
    За овие команди постојат и кратки команди кои се активираат од тастатура, така што откако ќе се селектира слајдот или саканиот објект се притиска:
    Ctrl+X за Cut             Ctrl+C за  Copy          Ctrl+V за Paste
  • Одредување (автоматски) изглед на слајд
    При отворање на програмата, на работниот простор се појавува празен слајд. Се отвора рибонот Home, и во групата наредби Slides се избира наредбата Layout со што се отвораат готови изгледи од кои се избира потребниот, односно саканата структура на слајдот.
    Slide Layout drop-down gallery
    Ascertain the layout of your active slide

 

 

 

 

 

  • Избор и промена на дизајнот на слајдот
    Со активирање на рибонот Design се нудат групи наредби кои содржат можности за понатамошно дефинирање на изгледот на слајдот.
    Image result for design power point 2013Преку групите наредби од рибонот Design се овозможува дефинирање на  изгледот на слајдот. Темата на слајдот, бојата, фонтот, ефектите и позадината можат да се изберат од понудените готови опции. Доколку се избере готов дизајн, истиот може да се промени во текот на работата. Доколку пак, сами го дефинирате дизајнот на презентацијата треба да внимавате и да ги применувате правилата за добар дизајн. Што значи добар дизајн погледнете на следниот линк.
    Важно: Со дефинирањето на изгледот на слајдот, изгледот автоматски се рефлектира и се пренесува на сите нови слајдови.
  • Движење низ слајдовите на презентација
    Image result for power point 2013

Во централниот дел на работната површина се појавува тековниот слајд. Од левата страна на работната површина се наоѓа  Thumbnails Pane преку која може со кликање да се избере потребниот слајд.

На лентата за движење од десната страна (scroll bar) во форма на двојни стрелки се наоѓаат копчињата Next Slide, за движење кон следниот слајд, и копчето Previous Slide за движење кон претходниот слајд.

Движењето напред и назад низ слајдовите може да се одвива и со типките на тастатурата PgUp и PgDn како и стрелките горе-долу.
Со притискање на типките ctrl + Home се враќате на слајдот бр. 1.

  • Погледи на презентацијата и нивни функции
    Image result for views power point 2013Активирањето на картичката View ја прикажува групата наредби Presentation Views која ги дава следните можности за поглед на презентацијата:
    Погледот Normal овозможува работа во презентацијата.

 

Related imageВо погледот Slide Sorter на работната површина се добива преглед на слајдовите од презентацијата кој овозможува полесна работа со нив.
Во овој поглед може да се дефинира начинот на преминување од еден слајд кон друг,  времето на задржување на слајдот, но истовремено и да им се менува редоследот на слајдовите.

 

Slide Show View
Image result for slide show view power point 2013

Со наредбата Slide Show слајдот целосно го прекрива екранот. Овој поглед се користи за преглед на презентацијата и нејзино прикажување на гледачите.
Прикажувањето на презаентацијата може да се започне од првиот слајд и со помош на копчето F5 од тастатура. Прикажување на презентација од тековниот слајд се прави со копчињата Shift+F5.

 

Advertisements