техники за напредно пребарување

1. Корисрење специјални знаци
Примена на специјални знаци пред зборот што го пребаруваме т.е. клучниот збор, овозможува “проширување” или пак  “стеснување” на полето на пребарување.  Пример:

  • Наводници (“ “) за пребарување точно определена фраза
  • Tilda (~) ако се стави пред клучниот збор, во резултатите од пребарувањето т.е. во погодоците ќе бидат исклучени сите поими т.е.синоними  поврзани со тој збор.
    пример: ако во полето за пребарување се напише:  Бoжиќ ~колачи, ке се добијат резултати кои содржат поими поврзани само со Бoжиќни колачи.
  • Plus (+) во погодоците ќе биде вклучен клучниот збор
  • Minus (-) во погодоците ќе го нема тој клучен збор
    пример: ако во полето за пребарување се напише: Apple –iPhone, ке се добијат резултати кои го содржат зборот Apple, но нема да го содржат зборот iPhone
  • Asterisk (*) т.н.џокер знак кој заменува буква или неколку букви во клучниот збор
  • Точка до точка (..) го сведува пребарувањето на датуми, мерки или цени во даден обсег
    пример:   filmovi 1950..1970

2.Пребарување според тип на датотека filetype:
За пронаоѓање одреден тип на датотеки т.е. пронаоѓање само на датотеки со дадена екстензија, се користи наредбата filetype:
На ваков начин може да се пребаруваат датотеки со следните екстензии: Acrobat (PDF), Word (DOC), tekst (RTF i TXT), Excel (XLS), PowerPoint prezentacije (PPT) и др.

Со примена на операторот OR постои можност за пребарање две или повеќе датореки со дадена екстензија.
Пример: „free software” filetype:PDF OR filetype:DOC
Во овој случај погодоците ќе ја содржат фразата „free software”  т.е ќе се пребарува бесплатен софтвер кој е представен во PDF или DOC формат

3. Дефинирање поими define:
Примарно наредбата define: се користи како речник. Но покрај тоа што со оваа наредба се добива објаснување за даден збор во семантичка смисла, се добива и значењето на акроними, фрази, технички поими, дури и сленгови поврзани со клучниот збор.  Пребарувањето пак, на клучниот збор ги опфаќа  сите веб страни како на пр. Wikipediја, Wiktionary, WordNet и др. кои содржат дефиниции и енциклопедиски податоци.

4. Пребарување на содржината на дадена веб страна
Google нуди можност за пребарување на содржините на некоја одредена веб стана, со додавње на опцијата site:име на веб страната чија содржина сакаме даја пребараме. Пример: “дневен хороскоп” site:femina.mk
Во овој случај Google ќе ги излиста сите дневни хороскопи кои се објавени на порталот femina.mk

5. Пребарување по домени
Со помош на оваа опција пребарувањето може да се ограничи на страни од даден домен. Пр. site:edu
Во овој случај Google ќе пребарува веб страни од едукативни институции т.е. од доменот edu

6. Пребарување слични веб страни на дадена веб страна
Слични веб страни на дадена веб страна се прави со додавање на наредбата related:
Пример: related:femina.mk

7. Пребарување со помош на слика
Најпрво се активира пребарување по слики. На крај во полето за пребарување се активира опцијата Search by image и се вчитува сликата за која што се пребаруваат податоци. На таков начин ќе бидат пронајдени веб страни на кои се наоѓа сликата (или слични на неа слики)

8. Google Translate https://translate.google.com/  е бесплатен мултилингвален сервис на Google, наменет за преведување на текстови од е ден на друг јазик.

9. Google калкулатор: Без никакви посебни наредби, во полето за пребарување се пишува математичкиот израз што сакате да го пресметате. Може да се пресметаат од наједноставни изрази како на пр. 2*2, па се до сложени математички функции.

10. Google конвертор
За конверзија на мерни единици се што треба да направите е во полето за пребарување да запишете пример „3 meters in yards” за да се направи бараната конверзија.

11. Let me Google That For You  е страница преку која може да го споделите вашето знаење со пријателите, преку интересна демонстрација. Па така откако ќе ги напишете клучните зборови во полето за пребарување, LMGTFY ќе ви даде кратка URL адреса која може да му ја пратите на пријателот. Со активирање на тој линк, на вашиот пријател  на екранот ќе му се прикаже кратка анимација за пребарувањето што вие претходно сте го направиле.

12. Дозволете Google да ви сугерира
При впишувањето на некоја фраза или збор за пребарување, Google ке ви предложи неколку сугестии во врска со клучниот збор или фраза.

Содржини во врска со веродостојноста на изворите на податоци како и ефикасно пребарување се дадени на следниот линк.

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s