Селектирање делови од работната табела и движење низ табелата

Селектирање делови од работна табела

  • Selected CellСелектирање една ќелија: се кликнува на соодветната ќелија.
    На дадениот пример селектирана е келијата В3.

 

Selected Range

 

  • Селектирање група (блок) ќелии: се кликнува и се влече глувчето преку потребниот блок ќелии. АДРЕСА на блок ќелии се означува со адресата на најгорната лева и најдолната десна ќелија од блокот.
    На дадениот пример селектиран е блокот ќелии со адреса B3XE11
     
  • Селектирање група од соседни ќелии: со кликање на првата ќелија од блокот ќелии, држење на копчето  SHIFT и со кликање на последната ќелија од блокот ќелии.
    Селектирање група од несоседни ќелии: се обележува првата ќелија, а потоа држејќи го копчето CTRL се кликнува на останатите ќелии или група ќелии.
  • Селектирање ред или колона: се кликнува на бројот на редот или буквата на колоната

Selected Row

Selected Column

  • Селектирање  повеќе несоседни редови или колони: се кликнува на бројот на редот или буквата на колоната и држејќи го копчето CTRL се кликнува на останатите редови односно колони што сакаме да се додадат на селекцијата
  • Селектирање соседни редови или колони: се кликнува на бројот на редот или буквата на колоната и држејќи го копчето  SHIFT се кликнува на последната редица односно колона

Движење низ табелата

  • Придвижување на една ќелија горе, долу, лево или десно се прави со стрелките за движење од тастатурата
Advertisements