Работа со мултимедиски елементи

Програмата Power Point овозможува додавање на мултимедиски елементи во слајдовите, односно можност за внесување  филм, звук, анимации, цртежи, објекти кои потекнуваат, односно се изготвени од други програми.

Внесувањето на филм и звук се врши со активирање на рибонот Insert, а потоа во групата наредби Media Clips се избира соодветената наредба за Movie или Sound. За обата мултимедиски елементи операцијата за внесување во слајдот е идентична.

Внесување звук
Со активирање на наредбата Sound се отвора паѓачко мени кое нуди можност за избор на точната локација од каде ќе се превземе звукот.

Image result for insert Picture powerpoint 2 2013

Кога ќе се стигне до локацијата на која се појавува името на саканиот видео запис, тој се селектира и во линијата File Name се појавува името на записот. Се притиска копчето  „Insert“.

 

Insert Audio dialog box

Формати на аудио фајлови кои ги подржува MS Power Point 2013 се:
AIFF Audio (.aiff), AU Audio (.au), MIDI (.mid or .midi), MP3 (.mp3), Advanced Audio Coding – MPEG-4 (.m4a, .mp4), Windows Audio (.wav), Windows Media Audio (.wma)

 

Audio icon placed on slide

Audio Tools Playback tab of the RibbonОваа постапка завршува така што во слајдот се појавува избраниот документ со звучен запис.

 

 

 

Начинот на кој корисникот сака да го активира внесениот звучен запис во слајдот во текот на прикажувањето на презентацијата  (автоматски  штом се отвори слајдот со видео записот, или со клик откако ќе се активира со покажувачот на глувчето) се дефинира со алатките/наредбите од Audio Tool Playback табот. Исто така, во  Audio Tool Playback табот може да се избере јачината на звукот, ,,сечење,, на звукот (Trim Audio), начинот на започнување и завршување на звукот (Fade Duration) и др. Корисен линк.

Внесување филм
Со активирање на наредбата Movie се отвора паѓачко мени кое нуди и посочува можност за пронаоѓање на саканиот документ кој содржи видео запис. Со избор на наредбата Video on My PC на екранот се отвора дијалогот за селектирање на саканиот документ од директориумите на дискот.

Image result for insert media clip power point 2013

Кога ќе се стигне до локацијата на која се појавува името на саканиот видео запис, тој се селектира и во линијата File Name се појавува името на записот. Се притиска копчето  „ОК“.

 

 

Формати на видео фајлови кои ги подржува MS Power Point 2013 се:
Windows Media (.asf), Windows Video (.avi), MP4 Video (.mp4, .m4v, .mov), Movie (.mpg or .mpeg), Adobe Flash (.swf), Windows Media Video (.wmv)

Оваа постапка завршува така што во слајдот се појавува избраниот документ со видео запис.Начинот на кој корисникот сака да го активира внесениот видео запис во слајдот во текот на прикажувањето на презентацијата  (автоматски  штом се отвори слајдот со видео записот, или со клик откако ќе се активира со покажувачот на глувчето) се дефинира со алатките/наредбите од Video Tools Playback табот. Исто така, во Video Tools Playback табот може да се направи, ,,сечење,, на видеото (Trim Video  ), начинот на започнување и завршување на видеото (Fade Duration) и др.

Корисен линк How to embed video in PowerPoint (2007, 2010, 2013, 2016).