работа со електронски пораки

Електронско сандаче е место во кое во различни фолдери се подредени сите пораки кои ги прима и испраќа корисникот.  Речиси секое електронско сандаче ги има следните делови:
internet3(1)
Inbox – сандаче за примените пораки.
Sent Mail (Outbox) – сандаче за копии на испратените пораки.
Drafts – започнати, но недовршени и неиспратени пораки.
Spam (Junk, Bulk) – сандаче за пораки од личности или фирми кои ти се непознати, од типот на реклами, непристојни пораки и слично.

Спам пораките може да содржат огласи, реклами, верижни писма – писма ланци, лажни узбуни за вирус, петиции и слично, и најчесто се праќаат на голем број луѓе во исто време.

Trash (Deleted) – корпа каде привремено се чуваат избришаните пораки и други.
Со клик на копчето (2)Contacts (Addresses) – се отвара прозорец адресар во кој се внесуваат нови или се избираат веќе внесени e-mail адреси на познаници на корисникот на електронската пошта. Со клик на копчето (3) Compose се отвара прозорец за креирање на нова електронска порака. Во делот (4) корисникот на електронската пошта добива информација за расположливиот слободен простор на своето електронско сандаче. По завршувањето на работата со електронската пошта корисникот треба да се одјави со избор на копчето (5) кое може да има ознака „Sign out“, „Log out“, „Log off“ и сл.

  • Примените пораки се наоѓаат во делот на електронското сандаче Inbox. Со клик на Inbox во прозорецот се прикажуваат применитепораки. Содржината на секоја примена порака се прикажува со клик на самата порака.
  • По добивањето на пораката корисникот може со избор на копчето:

    1. Reply да прати одговор кон адресата на испраќачот на пораката.
    2. Forward да ја препрати добиена порака кон адреси на други корисници.
    3. Spam да ја смести пораката во сандачето за непожелни и сомнителни пораки.
    4. Delete да ја избрише порака од електронското сандаче.
    5. Print да ја испечати пораката.
  • Креирање на електронска порака
    Нова порака се креира со избор на копчето Compose Mail, по што се отвара прозорец за креирање на пораката со следните делови:

    1. Поле за внесување на адресата на примачот на електронската порака (Adress). Може да се внесат повеќе адреси одделени со запирка .
    2. Краток наслов на пораката (Subject).
    3. Поле за внесување содржина на пораката.
    4. Копче за отварање на прозорец за прикачување на фајл кон пораката (Attach File).
    5. Копче за испраќање на пораката (Send).
    6. Откажување на испраќањето на пораката.




Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s