Основни поими

Според можностите кои му ги нудат на корисникот програмите за работа со текст можат да бидат:

  • текст едитори за пишување на кратки текстови
  • текст процесори за пишување и уредување на подолги текстови. (Microsoft Office Word, Open Office Writer, Corel WordPerfect, Apple iWork Pages и други). Покрај ефикасната работа со текст, овие програми нудат можности за работа со слики, табели, графикони и др.

Активирање на програмата се прави преку преку икона (shortcut) на апликацијата, доколку  постои на Desktop или од менито Start од Task Bar (Лента со задачи):
Start>All Programs>MS Office>MS Word

Креирање нов документ во MS Word 2013
По активирање на програмата, за започнување со работа односно креирање нов празен документ, се кликнува на првата опција New Blank Document во погледот New (видео туторијал).

Screenshot of Word 2013

Основни елементи (interface) на програмата MS Word 2013

Picture

 

 

 

 

 

 

 

A – Quick Access Toolbox (Лента за брз пристап до наредби) на која најчесто се наоѓаат наредбите Save, Undo и Repeat, но таа може да се подеси така да содржи било кои наредби кои често се користат.
B – Title Bar (Насловна лента)  во која е испишано името на отворениот документ и апликацијата Microsoft Word.
C – Ribbon Display Option and buttons (опции за лентата со картички и копчиња за работа со прозорци)
D – Ribbon Tabs (Лента со картички) – стандардни и контекстни картички.
F – Ribbon (Лента со наредби за соодветна картичка): наредбите (Е) кои се достапни на лентите зависат од избраната картичка. Картичките се организирани во неколку групи од наредби, со цел да бидат попрегледни и подостапни во текот на работата. Така на пример картичка Home ги содржи следните групи на наредби: Clipboard, Font, Paragraph, Styles, Editing. Секоја група ги содржи наредбите кои се однесуваат на конкретна активност. 
Наредбите кои припаѓаат на одредена група, но помалку се употребуваат, не се покажани во групата како копчиња. Тие се достапни во прозорците за дијалог, кои можат да се отворат доколку се притисне копчето Dialog Box Launcher (G)  на десниот крај од насловната линија на групата.
Page (Страна од документот) Работна површина за внесување текст.
(H) – Status Bar (Статусна лента): која содржи податоци за тековниот документ (пр.број на страни во документот, тековна страна и др). На статусната лента се наоѓа и  Zoom Slider (Контроли за зумирање преку лизгач).

Поништување на извршените наредби

Доколку се направи некаква промена на документот, а потоа се заклучи дека таа е непотребна или погрешна, промената лесно може да се поништи. Последна промена може да се поништи со употреба на копчето Undo, од палетата со алатки Quick Access, или избор на тастерите Ctrl+Z од тастаура.
За да се поништат постари акции, треба да се избере стрелката Undo, а потоа од листата да се избере акцијата.

Корисен линк

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s