Основни поими

  • MS Power Point е програма со која може да се изработуваат мултимедијални презентации.
  • Мултимедијална презентација – претставува низа од слајдови кои можат да содржат текст, фотографии, графикони, табели, анимации, звучни и видео записи, кои така подредени претставуваат една осмислена целина.
  • Слајд претставува страница од презентацијата на која се внесува информацијата во една од погоре споменатите форми.
  • Прикажувањето на презентацијата се нарекува slide show.

Корисен линк.

Креирање презентација

При активирање на Power Point на екранот се појавува нов документ, таканаречен презентација (Presentation), во кој може да се работи со податоци од различен вид: текст, фотографии, графикони, табели, анимации, звучни и видео записи.

Image result for power point 2013 new presentation

Работна околина (interface) PowerPoint на 2013

Image result for POWER POINT 2013 USER INTERFACE

A – Лента со картички – стандардни и контекстни картички.
B – Title Bar – Насловна лента, во која е испишано името на отворениот документ и апликацијата Microsoft Power Point.
C – Ribbons – Лента со наредби за соодветна картичка. Наредбите кои се достапни на лентите зависат од избраната картичка. Наредбите се сместени на лентата, во картичките со соодветните менија со наредби. Картичките се организирани во неколку групи од наредби, со цел да бидат попрегледни и подостапни во текот на работата. Распоредот ја следи следната хиерархија: картичка Home; групи на наредби, пр. Slides, и во него наредбите New Slide, Layout, Reset, Delete…
Секоја група ги содржи наредбите кои се однесуваат на конкретна активност. На лентите и во картичките постојат различни типови на наредби, како што се: обични алатки, алатки за вклучување и исклучување, алатки со паѓачко мени, бројачи, итн.
D – Overview – Прозорец за преглед на слајдови.
E – Work area – Работна површина за внесување и работа со слајдови
G – Status Bar – Статусна лента
H – Работна површина за внесување белешки.
I – Zoom Slider – Контроли за зумирање преку лизгач

Контекстни картички (Contextual Tabs)

Image result for POWER POINT 2013 Contextual Tabs

Покрај стандардните картички Power Point 2007 користи контекстни картички (Contextual Tabs). На пример, кога во слајдот ќе се внесе објект, се појавуваат картички кои нудат дополнителни алатки за работа со објектот.

Снимање (зачувување) на документ. Откако ќе се заврши со работа во новокреираниот документ, или ќе се направат потребните измени во некој постоечки документ, истиот се снима со избирање на следните наредби од картицата

  • File>Save, доколку се работи за нова презентација или
  • Save As доколку се работи за зачувување на постоечка презентација во кој се внесувани промени, и истите потребно е да се снимаат како нова презентација.Image result for power point 2013 save presentation

Потоа, во дијалог  прозорецот Save As се избира папката (folder) во кој ќе се меморира презентацијата, во полето File Name се дефинира името на презентацијата. Презентациите во Power Point имаат  екстензија .ppt.  Но доколку има потреба презентацијата да се сними  во друг формат, тогаш во полето Save as type се избера саканиот формат од листата на понудени формати.

Снимање со друго име или друг формат

  • Доколку сакате постоечка презентација да искористите како основа за изработка на нова, тогаш ја активирате наредбата Save As.
  • Се отвара истиот дијалог прозорец Save As во кој ги употребувате истите операции како кај снимањето на нов документ. Но, треба да се внесе ново име на документот во полето File Name.
  • За да се сочува документот во друг формат, треба да се отвори дијалог прозорецот Save As, а потоа во полето Save As Type да се избере саканиот формат од листата на понудени формати.

Креирање нова празна презентација, се прави со наредбата New преку еден од наведените начини:

  • Картица File, алатка New
  • Тастатура со помош на типките (кратенка) Ctrl+N
  • Алатка New од палетата QAT (Quick Access Toolbar)