поделба

Сите програми што ги извршува компјутерот го сочинуваат програмскиот дел или софтверот.

Компјутерските програмите се пишуваат во таканаречени програмски јазици, a ги пишуваат луѓе кои се викаат програмери.

1. Софтверот според намената за работа на компјутерот поделен е на две основни групи:

  • апликативни програми
    се пишувани за корисникот, за извршување на некоја работа
    (на пример за пишување, за цртање…)
  • системски програми
    програми се пишувани за системот –процесорот
    ( такви се  оперативните системи, контролните програми и услужните програми)

Оперативен систем (OS − Operating System) е

  • Системска програма без која ниту еден компјутер не може да работи.
  • Ја остварува врската меѓу компјутерот и корисникот
    (прима инструкции од корисникот преку тастатурата и дава пораки преку мониторот)
  • управува со целокупната работа на компјутерот
    (одлу-чува која програма ќе се изврши и кога, колку меморија ќе им се додели на програмите, се грижи за правилно извршување на командите дадени од корисникот и сл).

       Контролните програми

  •     управуваат со хардверот.
  •     ja проверуваат исправноста и ја контролираат работата на хардверот

       Услужните програми ни помагаат при секојдневната работа со
компјутерот.  
Тоа се, на пример: програмите за инсталирање и деинсталирање,
програмите за заштита од компјутерските вируси, програмите за местење
параметри (време, датум…) и други.

2. Според начинот на кој се достапни за корисникот компјутерските, програмите можат да бидат:

  • продажни компјутерски програми кои може да се купат во
    продавници за софтвер или на Интернет 
  • бесплатни  компјутерските програми кои сопственикот ги нуди на бесплатно користење преку Интернет, во списанија, на CD.

3. Според условите под кои може бесплатно да се користат бесплатните
компјутерски програми може да бидат:

  • бесплатни програми со отворен изворен код – Open source,
  • привремено бесплатни програми (Shareware, Demo)

4. Според начинот на кој корисникот ги набавил и користи
софтверот тој може да биде:

  • легален
  • нелегален (пиратски софтвер)
Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s