интернет

Интернет, протокол, интернет-сервис, веб (www), електронска пошта (e-mail),  ет (@), разговор во реално време (IRC), сурфање, четување, корисничко име, домен

  • Називот Интернет е кратенка од INTERnational + NETwork
    што во превод би значело интернационална мрежа.
internetИнтернетот е светска мрежа составена од илјадници компјутерски мрежи ширум светот.
 
Интернетот го користи моделот сервeр − клиент. Серверите постојано се вклучени во мрежата и меѓусебно разменуваат податоци, така што на секој корисник во секој миг му е достапен кој било податок од кој било сервер што се наоѓа каде било во светот.
 
 
 
 
 
 
  • Правилата за пренесување податоци на интернет се наречени протоколи.
  • Секој компјутер за да биде поврзан на Интернет мора да има своја интернет адреса која се означува со кратенката IP (Ај Пи). Со оваа адреса компјутерот може да биде пронајден и да ги добива потребните податоци од Интернет, а во исто време и да испраќа свои кон други компјутери на Интернет.
  • Фирмите кои го овозможуваат поврзувањето на Интернет се викаат Интернет Сервис Провајдери (ISP). Кај нас, на пример, такви фирми се Т-Home, One и др.
  • Поврзувањето на интернет, може да се направи на неколку различни начини:
    – Преку фиксна телефонска линија  (ISDN, ADSL)
    Преку телевизија (кабловска, сателитска)
    Безжично ( WiFi,WADSL,WiMAX)
    Преку мобилнaта телефониja (GPRS, EDGE,3G).

Како настанал Интернетот?
Уште во 1969 година е направена првата размена на податоци меѓу два компјутера во рамките на компјутерската мрежа наречена АРПАНЕТ, која се смета за камен-темелник на Интернетот. Преку АРПАНЕТ научниците и истражувачите во САД комуницирале меѓусебно и разменувале податоци. Во тоа време не можело ни да се претпостави какви размери и моќ ќе има комуникацијата преку Интернет. Но, набрзо мрежата почнала забрзано да расте бидејќи сè повеќе организации и групи се приклучувале кон неа. Така, Интернетот со текот на времето се претворил во најголемата компјутерска мрежа на светот.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s