основни поими

Оперативниот систем е збир на програми кои му овозможуваат на корисникот работа со компјутерот т.е. со програмите, уредите и меморијата.

  • Оперативниот систем прв се стартува по вклучување на компјутерот и последен се затвора при исклучување на компјутерот.
  • Без оперативен систем компјутерот би бил неупотреблив уред.
  • На еден компјутер може да се инсталираат повеќе оперативни системи и тогаш корисникот може да избере со кој од нив ќе работи.

 Оперативни системи во употреба на персоналните компјутери денес се:

  • WINDOWS
    Сопственик на оперативниот систем Windows е фирмата Microsoft. Верзии на Windows се: Windows 95, Windows 98, Windows Me, Windows NT, Windows XP, Windows Vista.
  • LINUX
    Креатор на LINUX е финецот Линус Торвалдс во 1991 год. Лого на оперативниот систем е пингвинчетоТакс.
  • MAC OS X
    Сопственик на оперативниот систем Mac OS X е фирмата Apple. Верзии на Mac OS X се Jaguar, Tiger, Panther и Leopard. Овој оперативен систем го користат Macintosh персоналните компјутери, иако тој може да работи и на PC-јата.
  • Најстариот оперативен систем се вика DOS.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОПЕРАТИВНИТЕ СИСТЕМИ (ОС)

  1. Денешните ОС се повеќе кориснички оперативни системи (multi user).
    Тоа значи дека овозможуваат на еден компјутер во различно време да работат различни корисници со свои програми и податоци (своја околина). Секој корисник се најавува на оперативниот систем со свое корисничко име (user name) и лозинка (password).
  2. Денешните ОС мултитаскинг оперативни системи (multi tasking).
    Тоа значи дека овозможуваат компјутерот да извршува повеќе програми истовремено.
Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s