Основни поими

  • Податок најчесто е запишан со знаци (букви, броеви и други знаци), но може да биде и слика, звук или боја.
  • Информација значи сознание, поим или претстава за нештата
  • Постоиразликата помеѓу податок и информација.
    На пример, бројот 5 е податок и како таков не значи ништо.
    Но: „сега е 5 часот”, или „добив 5 по информатика”, или „оваа тетратка чини 5 денари” претставува информација, затоа што има значење.
  • Обработката на податоците претставува низа дејства врз податоците со цел да се добие информација.
  • Обработката на податоците со помош на машини кои самостојано обработуваат податоци, без учество на човекот ја нарекуваме автоматска обработка на податоците.
  • Информатиката е наука за информациите и за нивното добивање од податоците со примена на компјутерите.
  • Терминот информатика за првпат е употребен во Франција во 1962 година, а е добиен со спојување на зборовите информација и автоматика.
    ИНФОРмација + автоМАТИКА = ИНФОРМАТИКА
  • Уредите кои се направени од електронски делови кои се многу мали и кои работат на слаба струја се викаат електронски уреди.
  • Компјутерот е електронски уред наменет за:
    1. за внесување, чување на податоци кои му се потребни на човекот
    2. автоматска обработка на податоците
  • Сите електронски уреди кои обработуваат податоци запишани со броеви се нарекуваат дигитални уреди.
  • Компјутерот е дигитален уред бидејќи податоците кои го обработува ги претвора во бинарни броеви.
  • Бинарни броеви се броеви запишани со цифрите 1 и 0.
  • Компјутерот е автоматски уред затоа што сите потребни обработки на податоци ги ги извршува самостојно според упатствата во програмата.
  • Компјутерот е програмибилен уред бидејќи може да ги обработува податоците според упатства запишани во програма

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s