Oсновни поими

Microsoft Excel е компјутерска програма која што овозможува работа со табели, пресметки со податоци во табела, финансиска анализа, користење бази на податоци како и графичко претставување на податоците од табелите.
Корисни линкови:  Webucator TutorialsResearach Guide 

Делови на екранот на Excel 2013
Откако ќе се активира програмот на екранот се прикажува работен прозорец како на следната слика:
Image result for ms excel 2013

1. Екранот на програмата Excel 2013 е составен од следните делови:

  • Тitle bar: Насловна лента на која е прикажано  името на активниот документ и програмата (Book1-Excel)
  • Quick Access Toolbar таканаречена QAT: лента за брз пристап до наредбите кои често се користат
  • Ribbon Tabs: Лента со стандардни и контекстни картички  (табови)
  • Ribbon: Лента со наредби за соодветната картичка
  • Formula bar: Лента за внесување податоци и формули
  • Name Box: Рамка за приказ на референците (адресите) на ќелиите
  • Worksheet: Работната табела
  • Column Letters in Column Header: Име (адреса) на колоната.
    Имињата (адресите) на колоните се означуваат со големи латинични букви.
  • Row Numbers in Row Header: Име (адреса) на редицата.
    Имињата (адресите) на редиците се означуваат со броеви.
  • Sheet tabs: Лента со имињата на работните табели во работната тетратка. При отворање на нова  работната тетратка, дадени се три работни табели, но корисникот може да додава или пак да брише работни табели според своите потреби.
  • Scroll bars: Лизгачи
  • Status bar: Статусна лента која служи за прикажување на информации за: местоположбата на курсорот, сосотојбата на тастерите NUM LOCK, CAPS LOCK и други информации за активната работна табела.

2. Датотеките (фајловите) во Excel се наречени работни тетратки (workbook) и се означуваат со името Book1, Book2, … се додека корисникот не ја меморира дадотеката со некое име.

3. Секоја работна тетратка се состои од низа  табели (Sheets), кои што можат да бидат работни табели (Worksheets) или да бидат табели со графикони (Charts).

4. Елементи на работната табела:

  • Kolona (Column)- Вертикалните полиња од работната табела се викаат колони. Табелите содржат  256 колони, означени со големи латинични букви A, B, …, AA, AB, …
  • Red (Row)– Вертикалните полиња од работната табела се викаат редици. Табелите содржат  65536 редици означени со броеви.
  • ќелија (Cell)-основниот елемент од работната табела во која се внесуваат и прикажуваат податоците. Податоците во ќелиите може да бидат константи (броеви или текст) и формули со кои што се пресметува нова вредност од веќе внесени податоци. Ќелиите се означени според бројот на колоната и редицата во која припаѓаат.  Пример на ознаки т.е. адреси (референци) на ќелии се A1, B3 и.т.н. Притоа овие ознаки се викаат релативни адреси на ќелиите. Покрај релативни адреси постојат и т.н. апсолутни адреси на ќелиите. Пример на апсолутни адреси (референци) на ќелии се: $A5, A$5 или $A$5.
  • Активна ќелија (Active Cell) – е ќелијата во која е позициониран курсорот и е означена со задебелени рамки.