Работа со документи (цртежи)

Програмата за цртање Paint е составен дел на MS Windows и со неа можеш да нацрташ цртежи, но можеш и да обработиш некои од постојните фотографии и цртежи.  Видео – Вовед во Microsoft Paint.

Корисни линкови: MS Paint Tutorial- ShortTutorials.com

Програмата Paint можеш да ја активираш на еден од следниве начини:

  • Доколку иконата на Paint се наоѓа на работната маса, кликни двапати на неа.Related image
  • Кликни на копчето Start, позиционирај се на (All) Programs, потоа на Accessories и на крајот кликни на Paint. Ќе се отвори прозорецот на програмата Paint.
    Наредбите за работа со документи во програмата Paint т.е. цртежи се:

Image result for paint menu file

  • New – наредба за отворање нов празен документ  (Ctrl+N)
  • Open – наредба за отворање постоечки документ (Ctrl+O)
  • Save – наредба за зачувување документ (Ctrl+S)
  • Save As – наредба за зачувување документ со друго име
  • Print Preview – преглед пред печатење
  • Properties – поставување својства на цртежот
  • Print – наредба за печатење на документот (Ctrl+P)

 

Зачувување на цртеж

  • Image result for paint saveПовикај ја наредбата Save или избери Crtl+S од тастаура.
  • Image result for paint saveОдбери папка во која сакаш да го зачуваш цртежот.Доколку не избереш папка цртежот ќе се зачува во папката MyPictures.
  • Во полето File Name внеси го името на цртежот.
  • Во полето Save as Type избери го форматот на цртежот
  • Кликни на копчето Save за да ја потврдиш наредбата.

 

 

 

 

 

Отворање постоечки цртеж
Повикај ја наредбата Open, или избери Crtl+О од тастаура по што ќе се отвори прозорец како на сликата.
Image result for paint FILE OPENImage result for FILE browser OPEN
Побарај го цртежот во листата. Доколку цртежот не е во Recent Pictures, пронајди ја твојата папка, пронајди го цртежот што сакате да го отворите и отвори го со двоклик или кликни на копчето Open.

Својства на цртежот
Image result for paint propertiesПред да почнеш да црташ, треба да ги определиш својствата на твојот цртеж.

Тоа ќе го сториш со избор на наредбата Properties.

Во дијалог прозорецот Image Properties може да ги дефинираш димензиите на цртежот и да одбереш техника со која ќе работиш: во боја или црно-бела.

  • Во рамката Units, избери единица мерка за должина и за ширина (инчи, сантиметри или пиксели).
  • Внеси ги димензиите на цртежот во полињата Width (ширина) и Height(висина).
  • Во рамката Colors, одбери дали ќе работиш во црно-бела техника (Black andwhite) или со бои (Colors).
    Кликни на OK.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s