Мемориски уреди

Уредите за чување на податоците и програмите со кои се работи на  компјутерот се викаат мемориски уреди (МЕМОРИЈА).

Главна карактеристика на мемориите е капацитетот.

Мемориски капацитет е количината на податоци која може да се запамти на некој мемориски уред. Меморискиот капацитет се изразува во посебни единици мерки.

Најмала единица за мерење на количеството податоци е бит (b).

 Бајт (B) е група од осум битови.

  • 1 b бит (0 или 1)
  • 1 B Бајт (Byte) = 8 b
  • 1 KB Килобајт =1024 B
  • 1 MB Мегабајт = 1024 KB
  • 1 GB Гигабајт = 1024 MB
  • 1 TB Терабајт = 1024 GB
  • 1 PB Петабајт и поголеми = 1024 TB

Компјутерската меморија се дели на главна и помошна меморија

  • Главната меморија ја сочинуваат тврдиот диск и RAM меморијата,
  • Помошната меморија ја сочинуваат (дискета, CD, DVD, USB меморија и сл).

Според начинот на чување на податоците компјутерската меморија се дели на

  • внатрешна оперативна меморија (RОM  и RAM )
    (Во внатрешната меморија се чуваат податоците и програмите што се потребни за да може да работи процесорот)
  • надворешна меморија (хард диск, дискети, CD…).
    (делови каде корисникот има пристап , а податоците трајно се чуваат и  кога не работи компјутерот)

 НАДВОРЕШНА (ПОМОШНА) МЕМОРИЈА

  • Дискетите имаат мемориски капацитет од 1.44 MB.
  • CD-то има мемориски капацитет од 650-700 MB. (1 CD = околу 450 дискети)
  • Меморискиот капацитет на DVD-јата се движи од 4.7 GB до 8.5 GB.
  • Флеш меморијата (USB меморија ) е во вид на стапче стик. Има различенмемориски капацитет, на пример, до 8 GB.
  • Вообичаена големина на хард дискот денес е 80, 250, 500 GB.
Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s