Алатки за цртање и боење

Во програмата Paint постојат: алатките  за означување, алатки за цртање со слободна рака (молив), за бришење (гума), за боење (четка, спреј, кантичка), за одбирање боја, за зумирање (лупа), за цртање линии и геометриски форми. Алатките се наоѓаат  во табот Home, во групите Tools и Shapes.

  • Името на алатката се прикажува со позиционирање глувчето до
    некоја алатка.
  • Алатка се одбира со лев клик на глувчето.

 

 

Aлатки за цртање и боење:

Image result for ms paint tools

  1. алатката  молив (Pencil) служи за цртање со слободна рака.
  2. алатката  четка (Paint Brush) служи за цртање линии со различни дебелини и
    со различни стилови ( Calligraphy brushCalligraphy brush 2Air Brush , Oil BrushCrayonMarker , Natural PencilWatercolor Brush)
  3. алатката  кантичка (Fill with Colour) служи за боeње однапред нацртани затворени линии. Доколку линиите не се затворени, можно е да се
    обојат несакани површини.
  4. алатката за земање боја (Eye Dropper) служи за определување на некоја од веќе користените бои. Откако ќе се селектира алатката и со неа ќе се кликне во некоја  веќе користена боја ќе се определи предната боја (Color1). Со десен клик ќе се определи задната боја (Color2).

Бојата на линијата со која ќе се црта (Color1) се избира со лев клик на палетата со бои. Дебелината на линијта можеш да ја смениш со истовремено притискање на тастерите Ctrl и „+“ (од нумеричката тастатура) за зголемување на дебелината или со Ctrl и „-“ за намалување на дебелината на линијата. За избор на дебелината на линиите може да се искористи и алатката Size, од табот Home.

5. алатка гума (Eraser) служи за бришење на делови од цртежот.  Бојата на гумата, т.е. избришаниот дел ја има бојата на позадината (Color2).

6. геометриски фигури (Shapes) служат за цртање геометриски фигури (линии, полигони, четириаголници, елипси, ѕвезди и др.)

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s