основни поими

Нови поими: компјутерска мрежа, сервер, клиент, локална мрежа (LAN), глобална мрежа (WAN), делење ресурси (Sharing)

Компјутерски мрежи се множество меѓусебно поврзани компјутери.

  • Компјутерите во компјутерските мрежи може:
    -меѓусебно да делат заеднички хардверски уреди, како печатар, скенер и др.,
    -да си разменуваат програми и фајлови и слично.
  • Според тоа колку се оддалечени еден од друг компјутерите што се поврзани во мрежата, постојат:

lanЛокални мрежи (LAN local area network) кои поврзуваат компјутери што се наоѓаат на мало меѓусебно растојание  (пр. компјутери во една училница, канцеларија, куќа, зграда и слично.

wide_area_network

Глобални мрежи (WAN wide area net­work) кои поврзуваат компјутери што се наоѓаат на меѓусебно големо географско растојание.  (пр.  во една држава, во различни држави или континенти)

mrezna karticka1mrezna karticka2За поврзување во локална мрежа секој од компјутерите поврзан во мрежата треба да има своја мрежна картичка.

ruterУредот кој го овозможува преносот на податоците меѓу компјутерите во локалната мрежа се вика свич (switch) т.е. рутер (router).
Рутерот е уред кој овозможува една локална мрежа да се поврзе со други мрежи (на пример, други локални мрежи или Интернет).

  • За поврзување во WAN мрежа се користат сателитите, телефонски линии, трансокеанските кабли и слично.
  • Компјутерите во компјутерските мрежи може да бидат:  сервери или клиенти.
  • Сервери се компјутери-опслужувачи и на нив се собираат податоците и се доставуваат до другите компјутери во мрежата, кои ги нарекуваме клиенти.
  • На серверот се приклучени и уреди, како, на пример, печатачот или скенерот, до кои имаат пристап и клиентите.
  • Клиентите можат да разменуваат податоци меѓу себе, но и таа размена оди преку серверот.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s