компјутерски вируси

Компјутерските вируси се мали програми, напишани со цел да нанесат штета или заради злоупотреба. Постојат илјадници компјутерски вируси и секојдневно се пишуваат нови.

Штетата што ја прават некои од вирусите е безначајна. На пример, ненадејно на екранот се прикажуваат некои непријатни пораки или слики, се рестартира компјутерот и слично.
Но штетата од некои од нив може да биде огромна. На пример, компјутерот може да се успори, меморијата може да се преполни со непотребни податоци, може да се избришат, да бидат преименувани или разместени важни фајлови итн.

Наречени се вируси затоа што имаат слични особини со вистинските вируси:

  1. можат самите себеси да се ископираат на повеќе места во мемориите и на тој начин се „размножуваат”;
  2. се пренесуваат од еден на друг компјутер без знаење на корисникот, така што ќе се „прикачат” на некоја корисна програма;
  3. обично не нанесуваат штета веднаш, туку чекаат извесно време за штетите да бидат поголеми;
  4. корисникот ги активира несвесно и сè додека не нанесат штета нема информација за нивното присуство во компјутерот.

Вирусите се пренесуваат преку: мемориски стик, CD, компјутерска мрежа, Интернет, преку електронска пошта. Според начинот на кој се пренесуваат и прават штета штетните компјутерски програми можат да бидат: вируси, црви, тројански коњи и шпиони.

ВИРУСИ

virusiПрограмата – вирус се пренесува со прикачување на фајл – домаќин и започнува да делува кога корисникот ќе го отвори или користи заразениот фајл. Вирусите се самокопираат, се прикачуваат за други фајлови и на тој начин се шират и пренесуваат низ компјутерот. Вирусите најчесто се пренесуваат при размена на податоци од CD, DVD или USB од еден на друг компјутер.

virusi1Така на пример, таканаречените инфектори на датотеки (file infector viruses) се вируси кои се пренесуваат преку програмите и многу тешко се откриваат. Тоа се вируси што се „прилепуваат” на корисните програми и ја менуваат нивната содржина. Друг пример се таканаречените макро вируси кои што ги заразуваат документите креирани со Word, со Excel и со други апликации, а се пренесуваат на друг компјутер со пренесувањето на заразените документи.

wormМрежните вируси  кои се нарекуваат „црви” се пренесуваат преку компјутерските мрежи во состав на e-mail пораки или преку канали за разговарање (chat). Според дизајнот се слични на вирусите.

worm1Имаат способност автоматски да се препратат до сите адреси што се наведени во адресарот на заразениот компјутер. Црвите (Worms) се програми кои се самокопираат и шират, но за да се стартуваат и делуваат не им е потребен фајл – домаќин во кој ќевлезат. Тие не се прикачуваат за постоечки фајлови туку сами се стартуваат, а често и самите креираат фајлови во кои се кријат и преку кои се „шетаат“ низ компјутеритеи Интернет мрежата. Црвите обично се прикачуваат за електронските пораки кои се испраќаат преку Интернет и можат да се самоиспраќаат кон сите e-mail адреси кои ќе ги најдат во адресарот на корисникот.

trojan1„Тројански коњи” – Хакерите ги испраќаат „тројанските коњи”, како што бил испратен и митскиот Тројански коњ − како некоја интересна подарок-програма преку e-mail-пораки и chat-програми.

trojan3Кога корисникот ќе ги инсталира на својот компјутер, тие ќе му овозможат на хакерот да пристапи до компјутерот преку Интернет и да дојде до доверливи податоци (лозинки и слично), но и да преземе целосна контрола врз компјутерот. За разлика од вирусите, тие се сложени и самостојни програми, не се „прикачуваат” за други програми и не се „размножуваат”. За заштита од тројанските коњи се користат програмите наречени Firewall.

Шпиони (spywares) се програми кои кога ќе се најдат на нечиј компјутер започнуваат со снимање на работата на неговиот корисник: од веб страниците кои ги посетува до податоците кои ги внесува – на пример, бројот на платежните картички, информации за луѓето со кои комуницира и сл. Се ова програмот – шпион го испраќа до некоја фирма за маркетинг, реклами или може да бидат злоупотребени броевите на платежните картички. Шпионите обично се претставуваат како програми кои ќе му се допаднат на корисникот и тој најчесто самиот ги „симнува“ и инсталира на својот компјутер од Интернет.

Занимливости: Првиот компјутерски вирус − „Elk Cloner − бил направен во 1982 година. Го напишал ученикот Ричард Скрента кој тогаш имал 15 години. Тоа, всушност, била шеговита песна што се појавувала на мониторите. Кога го откриле и му забраниле пристап до училишните компјутери, тој дошол на идеја да направи вирус што ќе се размножува автоматски и ќе се пренесува со дискети. Го заразил училишниот компјутер од каде што преку дискетите вирусот се раширил и надвор од училиштето.

Домашна задача:

  1. Напиши сопствен расказ за компјутерскте вируси според следното видео.
  2. Направи сопствен вирус со игрите НАПРАВИ ЧУДОВИШТЕ или НАПРАВИ ВИРУС.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s