За нас

Да учиме заедно

Проектот Да учиме заедно е училишна иницијатива за вклучување на семејствата и локалната заедницата во унапредување на образованието на нашите деца, а се оствари во соработка на нашето училиште со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“.

Нашата искрена заложба е како  директен посредник во тој процес, нашето училиште преку имплементација на проектните активности од Проектот Да учиме заедно да даде насоки за вклучување на поединците и групите од локалната заедница  во процесот на образование кое нема да се одвива само во училиштата и да се промени сеуште присутниот традиционален однос на поделени улоги помеѓу училиштето и семејството.

Поттикнати од свеста за важноста на вклученоста на родителите во образовниот процес, наша цел е да оствариме партнерски однос со родителите и заедницата, кој ќе овозможи нашите деца да развијат позитивни социјални ставови, училиштето да го доживуваат како место каде што го градат личниот интегритет и самодоверба со цел да постигнат подобри резултати во учењето.

Сигурни сме дека и секој родител сака да придонесе  во организирањето на училишниот живот на своето дете и во изградбата на партнерски однос со училиштето,  базиран на заемна комуникација, споделени обврски и одговорности во воспитувањето и образованието на децата.

Од проектниот тим

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s