Елементи на работен прозорец

Работен прозорец на програмата Paint

Image result for мицрософт паинт интерфаце

По активирање на програмата Paint (kликни на копчето Start, позиционирај се на All Programs, потоа на Accessories и на крајот кликни на Paint) се отвора работен прозорец на програмата Paint, кој се состои од следните елементи:

  • Title Bar-лента со наслов на која е прикажано името на документот и на програмата
  • Quick Access Toolbar (QAT) – лента за брз пристап до наредбите кои често се користат
  • Ribbon Toolbar – Лента со наредби од стандардните картички  (табови). Во Paint постојат два табови (картички) Home Tab и View Tab.
  • File Menu – мени со наредби за работа со документи (цртежи).
  • Drawing Area – работна површина која наликува на празен бел лист хартија на кој можеш да црташ.
  • Status Bar – Статусна лента која служи за прикажување на информации за цртежот (како на пример неговите димензии)
  • Zoom Tool – алатка за зголемување и намалување на погледот на работната површина.