електронска пошта (e-mail)

Електронската пошта (e-mail) е сервис на Интернет кој овозможува размена на електронски пораки меѓу корисниците на електронската пошта на Интернет.

  • Предности на електронската пошта:

    1. Електронските пораки обично стигнуваат за неколку секунди.
    2. Електронската пошта може да користи секој кој има пристап на компјутер поврзан на Интернет.
    3. Преку електронската пошта може брзо и едноставно да се испраќаат текстуални пораки, слики, документи, музика, видео клипови, програми и сл.
  • За да може да се користи електронската пошта, секој корисник мора да има своја електронска адреса, или e-mail адреса.

    1. За секоја електронска адреса се доделува електронско сандаче.
    2. Електронско сандаче (e-mail box) е простор на хард дискот на компјутерот е- mail сервер, во кој се чуваат електронските пораки на корисникот.
    3. E-mail сервер е компјутер поврзан на Интернет кој ги прима и испраќа електронските пораки на корисниците на електронската пошта.
  • Најпознати е-mail сервиси кои овозможуваат креирање и користење електронска пошта преку своите веб страници се:
    1. Gmail (на Google), gmail.google.com
    2. Yahoo! Mail, mail.yahoo.com,
    3. Hotmail (на Microsoft), http://www.hotmail.com, или http://www.windowslive.com.
  • За да може да користи електронската пошта, секој корисник мора да има своја електронска адреса. E-mail адресата ја избира корисникот.
  • Електронската порака може да содржи важни и доверливи информации и затоа многу е важно корисникот на електронска пошта да има сигурен пристапдо своето електронско сандаче.Тоа се обезбедува со лозинката.
  • Лозинката е податок кој треба да го знае само корисникот. Таа претставува еден вид клуч за неговото електронско сандаче.
  • E-mail адресата се состои од два дела:

    1. корисничко име кое го избира корисникот при креирање на e-mail адресата
    2. име на e-mail серверот.

      800×600

    • Овие два дела се одделени со знакот @ (“at” кој се чита ет, т.е мајмунче).
    • На пример, во e-mail адесата ana_palovska@yahoo.com kорисничкото име е ana_palovska, а името на серверот е yahoo.com.
    • При работа со електронска пошта e-mail адресите со мали и големи букви се исти.     На пример: jana@hotmail.com = JANA@HOTMAIL.COM,
    • Во лозинката се прави разлика меѓу големите и малите букви.                          На пример: emIL123 ≠ emil123
Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s