делови во куќиштето

Вообичаено  во куќиштето се наоѓаат следните електронски уреди:

  • матична плоча,
  • процесор,
  • RAM меморија,
  • тврд (хард) диск,
  • електронски картици за приклучување на периферните уреди,
  • уред за работа со CD или DVD,
  • извор за напојување со електрична енергија и др.
    Деловите од куќиштето и нивната функција разгледај ги во следното видео.

 

Intel_Q963_Mother_BoardМатичната плоча е главниот дел во куќиштето на кој се поставени сите важни електронски делови на компјутерот.

Главна задача на матичната плоча е да ги поврзе сите делови на компјутерот преку електрични патишта кои наречени магистрали.

 

cpu
Процесорот има задача да обработува податоци и
да управува со работата на компјутерот.

Процесорот е уред кој ги обработува податоците и ги извршува програмите во компјутерот.

Брзината на работа на процесорот се изразува во единица мерка   Гига Херц (GHz)..

hddТврдиот диск е мемориски уред поставен во куќиштето за трајно чување на програмите и податоците со кои се работи на компјутерот.

Податоците и програмите сместени на тврдиот диск не се бришат по исклучување на компјутерот од струја. (Работата на HDD прикажана на следното видео).

 

????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

mrezna karticka1Електронски картички се електронски уреди преку кои некои периферни уреди (монитор, звучници и др.) се поврзуваат со матичната плоча.

  • Поставени се на матичната плоча во прегради кои се викаат слотови.
  • Во зависност од уредот кој преку нив се поврзува со компјутерот има видео картичкаа, ТВ картичкаа, звучна картичкаа, мрежна картичка и други.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

RAM е работна меморија во која се сместуваат оние програми и податоци со кои во моментот се работи на компјутерот.
Од големината на RAMмеморијата зависи брзината на работа со програмите
Кога ќе се исклучи компјутерот од струја RAM меморијата се брише.
Таа е меморија за привремено чување податоци.

romROM е кратенка од read only memory (што значи дека од неа можеме само да се читаат податоци, но не и да се менуваат или да се запишуваат нови податоци во неа).

Во ROM меморијата се наоѓаат програмите што се потребни за да може да работи компјутерот.
Податоците кои се впишани во ROM се трајни, односно не се бришат со исклучување на компјутерот.
ROM е меморија во која фабрички се запишани инструкции за работата на компјутерот. (Овие инструкции се читаат први, веднаш по вклучувањето на компјутерот. ROM меморијата го „буди“ компјутерот и контролира дали сите хардверски и софтверскиделови се присутни, исправни и подготвени за работа. Ако не се, му испраќа на корисникот на екраноттекстуални пораки или звучни предупредувања запроблемот. На пример, компјутерот не може даработи ако не се приклучени правилно тастатуратаи глувчето).


Како работат деловите на куќиштето погледни во следното видео.
Што претставуват деловите на куќиштето погледни во следното видео.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s