Датотека (file)

Датотека е множество податоци организирани во целина и зачувани на дискот или на друга надворешна меморија под заедничко име.

Постојат:

  1. извршни датотеки (кои ги нарекуваме програми)
  2. датотеки со податоци (кои ги нарекуваме документи)
  • Документите содржат податоци креирани од корисникот, и тие можат да бидат во форма на текст, цртеж, слика, звук…
  • Датотеките ги разликуваме според името.
  • На крајот од името се става точка по која се додава наставка (extension) од три (може и четири) букви.
  • Името на документот го става корисникот, додека наставката ја доделува програмата во која е изработен.
  • Според наставката, разликуваме тип или формат на датотека.
  • Програмите најчесто имаат наставка exe, com или bat
    (word.exe, pinball.exe, solitaire.exe, igra.bat, soberi.com)
  • Неколку основни формати на документи (датотеки со податоци) се:
                    – txt, doc, pdf, odt за текстуални фајлови,
                    – jpg, gif, bmp за графички фајлови,
                    – wav, mp3, ogg за аудио фајлови,
                    – avi, mov, mpg, rm за видео фајлови,
                    – htm, html за веб фајлови,
                    – exe, bat, sh за фајлови кои стартуваат програми
                    – rar, arj, bz2, zip, gz за спакувани податоци – архиви.
  • Не ја менувај наставката во името на документот или на датотеката.
    Програмите ги препознаваат документите според наставката за да можат да ги отворат.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s