Внесување податоци во табела

Image result for entering data ms excel 2013За да се внесе податок во некоја ќелија таа треба да е активна, односно најпрво треба да се кликне на ќелијата. Внесувањето се потврдува со кликање на тастерот Enter. На ваков начин се внесуваат податоци во општ облик (General), односно  тект и природни броеви.

Податоците исто така може да се внесуваат и во Formula Bar.
При внесувањето на броевите во General Format, тие автоматски се позиционираат на десната страна од ќелијата, додека текстуалните податоци се позиционираат на левиот дел од ќелијата. Ако е потребно броевите да се третираат како текст, тогаш при нивно внесување треба да се внесе знакот апостроф ” ‘ “.  Пример бројот 1234 ќе се третира како текст ако пред цифрите  се стави апостров 1234.

Доколку  внесените податоци треба да се корегираат или во ќелијата да се внесе друг податок, тоа може да се направи со: двоен лев клик во дадената ќелија, преку Formula Bar-от или со притискање на копчето F2 од тастатурата.

Внесување текст
Formula Bar

 

 

 

 

 

Текстот се внесува во активната ќелија или од лентата за формули Formula bar.
При тоа доколку текстот е подолг од ширината на ќелијата, тој ќе се ,,прелее,, во соседната ќелија но нема да  ја пополни. Така на примерот од сликата текстот Hallo World е внесен во ќелијата A1, додека ќелијата B1 е празна. Доколку се внесе податок во ќелијата B1, дел од текстот што е внесен во  A1 ќе се ,,сокрие,, но содржината на  A1 ќе остане непроменета.

Внесување броеви
Броеви се константни вредности кои ги содржат знаците 1 2 3 4 5 6 7 8 9 _ +/.E e
Microsoft Excel ги прикажува броевите во следниве облици:

  • цели броеви (пр. 789)
  • децимални броеви (пр. 7.89  се внесува целиот дел точка децималниот дел)
  • дропки (пр. 7 8/9 се внесува целиот дел потоа броителот, коса црта и на крај именитолот)
  • експоненти (пр. 7.89 E + 08)

Ако должината на бројот е поголема од ширината на ќелијата, тој ќе се прикаже во експоненцијален облик или пак во ќелијата ќе се прикажат знаците #######.  Со проширување на колоната бројот ќе се прикаже во нормален облик.

Внесување датум и време
MS Excel ги препознава податоците за датум и време, само ако се внесени во еден од соодветните облици:
ден/месец/година (пр.07/23/1999)
ден-месец-година (пр.07-23-1999)
ден.месец.година (пр.07.23.1999)

За внесување време се користат две точки (:) меѓу часот и минутите (пр. 10:30)
Тековниот датум може да се внесе со притискање на  Ctrl + #, a тековното време со Ctrl + ;
Ако датумот или времето се внесени правилно тогаш тој ќе се позиционираат на десниот дел од ќелија.
Понекогаш се случува датумот или времето да се прикажат во облик на број, наместо на датум односно време. Тогаш треба да се провери форматот на активната ќелија и да се смени во дијалог прозорецот Format Cells Number.

Форматирање броеви Format 

Доколку сакаме броевите во Excel  да се ги прикажеме како децимални броеви, проценти, валути и сл. треба да  форматираат со некој од постоечките формати од Microsoft Excel:

  1.  Прикажување на броевите како валути се прави со избор на наредбата Accounting Number Format од табот HOME, од групата Number. Друга валута може да се избере преку drop-down стрелката од истата наредба.  Accounting Number Format in Number Group of Home Tab
  2. Прикажување на броевите како  проценти се прави со избор на наредбата Percent Style од табот HOME, од групата Number.Percent Style in Number Group of Home Tab
  3. Прикажување на броевите као децимали се прави со избор на наредбата Comma Style во табот HOME, во групата Number.Comma Style in Number Group of Home Tab
    Додавање или заокружување на децимални места се прави со избор на наредбите Increase Decimal (додади децимали) или Decrease Decimal (отфрли децимали) од табот HOME, од групата Number.Increase and Decrease Decimal Commands
  4. Начинот на прикажување (форматирање) на датумите се прави  преку Dialog Box Launcher од табот HOME, од групата NumberDialog Box Launcher

Се отвора  дијалог прозорецот Format Cells.
Во табот Number, во листата со категории Category се избира категоријата Date и еден од понудените типови на датуми.Format Cells Dialog Box