веб терминологија

Нови поими: веб-страница (web page), веб локација или веб сајт (web site),
хиперлинк (Hyperlink), хипертекст (Hypertext),
домашна страница (Home page),   навигација, публикување, хостирање,
URL (Uniform Resource Locator).

  • Веб-страница (web pages) – документите што ги разгледуваш на Интернет се нарекуваат веб-страници. Веб-страница е нешто како страница во книга, но таа освен текст и слики, може да содржи и анимации и други објекти.
    Веб документите имаат наставка htm или html.
  • Веб-сајт (web site) – множеството страници кои се меѓусебно поврзани и сочинуваат целина се нарекува веб-сајт.  Сајт е англиски збор и значи „место, локација“, па кога ќе речеме веб-сајт, мислиме на локација на Интернет на која се наоѓаат веб-страниците.
  • Домашна страница (home page)  – таа ќе се отвори прва кога ќе посетиш некој сајт и обично ги содржи сите линкови до другите страници на сајтот.
    Домашната страница на сајтот е исто што и насловната страница во весник или содржината во некоја книга.
  • Врската што ти овозможува да се движиш од една до друга веб страница се нарекува хиперлинк (hyperlink) или само линк (link). Линк може да биде некој текст, некоја слика или некој друг објект на веб-страницата.
  • Движењето меѓу страниците на некој сајт се нарекува навигација.
  • Публикување и хостирање
    Откако ќе се направи некој сајт, за да може да биде достапен за сите корисници на Интернет. тој треба да се постави, односно  да се публикува на некој од серверите на Интернет. Поставувањето сајт на серверот се нарекува хостирање.
  • URL-адреса

    1. Секој веб-сајт и секоја веб-страница имаат единствена адреса, наречена URL-адреса (Uniform Resource Locator).
    2. URL-адресата ти овозможува да отвориш некоја страница и да ја разгледаш
    3. URL-адресата се состои од неколку делови.
    4. На пример, адресата http://www.schools.edu.mk е составена од следниве делови:
      http:// − име на протоколот (правилото) за пренос на податоци;
      www − локација на Интернет, во случајов тоа е World WideWeb;
      schools − веб-серверот е на организацијата schools;
      edu − наставка за областа на дејствување, во случајов тоа е образование;
      mk − код за државата, во случајов тоа е Македонија.
  • Вообичаени наставки за областа на дејствување (домени) се:
    1. com (commercial) − комерцијални организации;org (organisation) − организации;
    2. edu (education) − образовни институции;
    3. gov (government) − владини институции;
    4. mil (military) − воени институции;
    5. net (network) − мрежни компании.
  • Некои кодови за држави: fr − за Франција, uk − за Велика британија, us − за САД.
Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s