веб прелистувачи (browsers)

Нови поими: веб-прелистувач (browser),  лента за адреса (Address bar)

  • Веб-прелистувач (browser), е програма што ти овозможува да пристапиш до Интернет и да разгледуваш веб-страници.
  • Најпопуларни веб-прелистувачи се Internet Explorer, Mozzila Firefox, Google Chrome, Opera и др.

    internet1

1. Лента за име на прикажаниот веб сајт и име на веб прелистувачот.
2. Мени за работа
– Со наредбите од File може да се отвараат јазичиња, да се меморира или печати прикажана веб страница и сл
– Со наредбите од View може да се избираат алатките кои ќе се прикажуваат во лентата со алатки, дасе зумира погледот на веб страницата и сл.
– Со наредбите од Bookmarks (Favorites) може да се креираат листи на адресите на веб страниците кои корисникот сака повторно да ги посети. На овој начин не мора да ги памти, ниту да ги пишува, туку едноставно од Bookmarks ќе ги избира со клик
– Со наредбите од History може да се креира листа на веб страниците кои се посетени во период, на пример, од последната недела, месец и сл.
3. Алатки за работа со приказот на веб страниците во веб прелистувачот
Back – враќа на претходно посетена страница.
Forward – враќа на страницата од која корисникот се вратил на претходната.
Stop – го прекинува вчитувањето на веб страницата ако, на пример, ако вчитувањето оди многу споро
Reload или Refresh – ја „полни“ повторно истата страница затоа што првиот обид бил неуспешен, се  одвивал многу споро или не завршил потполно
Home – ја прикажува почетната страница на веб разгледувачот
4. Поле за внесување на адреса на веб страница.
Адресата се внесува со тастатура со англиска поддршка.
– Страницата со внесната адреса започнува да се полни откако ќе се притисне копчето Enter на тастатурата.
– При внесување на веб адресата во веб прелистувачот не е важно дали ќе се напише со мали или големи букви.
Пр. http://www.ohrid.org.mk = http://WWW.OHRID.ORG.MК
5. Листа за избор на адреса на претходно посетена веб страница

6. Покажувач на пристап до веб страница со внесена адреса
.
Покажувачот е анимирана сликичка (прозорец кој се вее, стрелка која врти во круг и сл.). Кога е активна тоа значи дека веб прелистувачот се обидува да му пристапи на компјутерот на кој се наоѓа веб страницата.
7. Покажувач на статусот е правоаголно поле кое постепено се полни со квадратчиња и така може да се следи до каде е полнењето на саканата веб страница во веб прелистувачот.
8. Дел за прикажување на содржината на веб страницата
9. Јазичиња (табови) во кои се отворени различни веб страници во истиот прозорец на веб разгледувачот.
Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s