Веб пребарувачи (seaching engines)

Нови поими:  веб-пребарувач (Search engine),
лента за пребарување (Search bar),
клучен збор

Пребарувачки машини (search engines), наречени веб-пребарувачи, се бесплатните сервиси на Интернет кои  имаат задача да  најдат соодветни веб страници и да ги достават нивните адреси.

Некои од најпознатите пребарувачки машини се:
Google (http://www.google.com)
Bing (http://www.bing.com)
-Yahoo (http://www.yahoo.com)
Ask.com
InstaGrok 

Постојат два начини за пребарување:

  1. пребарување по категории (теми) т.е.области на интерес како на пр. Образование, наука и др. Секоја категорија содржи свои поткатегории , а овие свои поткатегории се дури не го најдеме она што не интересира
  2. пребарување со клучни зборови. (Клучен збор е збор кој го опишуват поимот кој се бара). Се прикажуваат сите страници на Интернет кои во својот наслов или содржината го содржат клучниот збор.

Кога се пребарува по клучен зборо потребно е:

  1. прецизно избирање на зборот кој го опишува поимот кој се пребарува,
  2. кога се користи повеќе од еден клучен збор, поважниот збор се пишува прв,
  3. клучните зборови треба да се напишат правилно затоа што од тоа ќе зависи добиениот резултат од пребарувањето.
  4. пребарување со клучни термини впишани на кирилично и латинично писмо дава различен резултат. Искористете ја оваа предност за да добиете подобри резултати
  5. Осмисли ги поимите и термините, увиди ги врските помеѓу нив, варирај ги синонимните, барај додека не добиеш задоволувачки (поволни) резултати.

Совет: Користи повеќе клучни зборови или, подобро, цели фрази ставени во наводници − за попрецизно пребарување.

На пример, ако напишеш Охридско Езеро,  ќе добиеш листа на сите веб-страници што го содржат зборовите Охридско Езеро, но и страниците што го содржат само зборот Охридско  и страниците што го само содржат зборот Езеро.
Пребарувањето ќе биде побрзо и поефикасно доколку поимот составен од повеќе зборови го ставиш во наводници, на пример „ Охридско Езеро “.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s