Анимациски и звучни ефекти

Анимирање на објектите
Со цел презентацијата да ја направиме поинтересна и повпечатлива во PowerPoint е овозможено вметнување динамички ефекти  односно придружување разни динамички ефекти (анимации) на објектите во слајдот (рамки со текст, слики, објекти и др.).

Ефектите се групирани во 4 групи (типа) и тоа:

  • Entrance (се користи како ефект при појавување на објекти),
  • Emphasis (ги употребуваме кога сакаме да истакнеме некои објекти, особено текстуални),
  • Exit (се користат за начин на затворање или напуштање на слајдот),
  • Motion paths (се одредува патека на движење или преместување на објектот од едно на друго место на слајдот).

Image result for animations power point 2013

 

 

 

 

 

 

За да се постави анимација на објект треба:

  1. да се селектира објектот
  2. Ја избираме наредбата Add Animation од табот Animations
  3. се избира типот на ефектот (Entrance, Emphasis, Exit или Motion paths)

Image

 

 

 

 

 

 

Откако ќе се додели ефектот, на објектот (во горниот лев агол) му се придружува бројче. На еден објект може да му се постават повеќе ефекти. (Така на дадениот пример на сликата на објектот свезда му се придружени три ефекти).

Image result for animations power point 2013

За секој ефект може дополнително да го дефинираме:

  • Начинот на започнување на ефектот со наредбата Start од групата Timing. При тоа достапни се три опции: On mouse click (со кликање на глувчето), With previous (веднаш по активирање на slide show-to), After previous ( после предходната анимација).
  • Времетраењето на ефектот со наредбата Duration од групата Timing.

Со избор на наредбата Animation Pane, во десниот дел од прозорецот се појавува панел на кој се прикажани сите анимации кои им се придружени на објаектите во дадениот слајд. Во Animation Pane за поставените ефекти/анимации може да се: дефинираат дополнителни опции,  менува редоследот на анимациите, да се бришат анимации и др.

Ефекти на премин меѓу слајдовите во презентацијата (Slide Transition)

Дефинирање на ефекти на премин меѓу слајдовите во презентацијата се прави со наредбите од табот (рибонот) TRANSITIONS. При тоа може да се постави различен ефект на премин на секој слајд поединечно, или еден ефект на премин за сите слајдови во презентацијата.

Image result for slide transition power point 2013